Тимот на Астон Мартин ја потврди сериозноста на нивните планови во Формула 1 со потпишување договор со Мартин Витмарш, кој ја презеде функцијата директор на новата дивизија Aston Martin Performance Technologies.
Aston Martin Performance Technologies ќе ги опфатат активностите на брендот во Формула 1, а исто така ќе развиваат и применуваат на пазарот техничките способности и интелектуалната сопственост на Групацијата, со цел да обезбедат најдобри иновативни, инженерски, тест и производни услуги во различни категории на клучните индустриски сектори.
Мартин Витмарш помина 25 години во Мекларен, од кои шест како тимски шеф. Во овој период, Мекларен го диверзифицираше својот бизнис, па покрај главната активност во Формула 1, ги формираше одделите McLaren Automotive и McLaren Applied Technologies.
Лоренс Строл, главен извршен директор на компанијата и тимот: "Среќен сум што можам да објавам дека Мартин ќе ни се придружи на 1 Oктомври 2021 година како извршен директор на новиот оддел Aston Martin Performance Technologies."
"Мартин ќе ја води компанијата, ќе мe помага и поддржува во поставувањето на стратешката насока за Aston Martin Performance Technologies и нејзините подружници, вклучувајќи ја и критичната задача да го трансформираме нашиот Ф1 тим во шампионски во следните четири до пет години и ќе прерасне во бизнис со обрт од 1 милијарда фунти."
Мартин Витмарш, извршен директор на Aston Martin Performance Technologies: "Воодушевен сум што Лоренс ме назначи на позицијата извршен директор на новата компанија од 1 Oктомври 2021 година."
"Го познавам и се восхитувам на Лоренс многу години и отсекогаш сум бил импресиониран од неговата деловна остроумност и неисцрпна амбиција."
"Подеднакво, јас секогаш го почитував "тимот од Силверстоун", ако може така да се нарече, кој често постигнуваше подобри резултати отколку што дозволуваа неговите способности."
"Лоренс има за цел да го направи тимот победник на трки и освојувач на титули во Формула 1, и јас не би ја прифатил оваа понуда ако не бев сигурен дека ова е целосно остварлива цел."
"Знам што е потребно за победа во Формула 1, под водство на Лоренс и поддржан од вештината, страста и одлучноста на неговите луѓе, ќе дадам се од себе за нашиот тим да победи."
ЧОВЕКОТ НА МЕКЛАРЕН, ЗАВРШИ ВО АСТОН МАРТИН
9/21/2021 10:19:00 PM
0
Share to other apps

