Изјави од победниците и губитниците на квалификациите на патеката Сочи, домаќин на Големата Награда на Русија.
ПОБЕДНИЦИ
Ландо Норис, П1: "Очигледно е дека сум многу среќен, веројатно најсреќен што сум бил во Ф1! Моја прва пол позиција во Формула 1 и во прилично незгодни услови."
"Беше многу тешко на патеката, преземени многу ризици, многу пати помислив дека може да завршам во зидот, но сето тоа се исплатеше и вредеше. Благодарност до целиот тим што денес ми подари одличен болид."
"Неверојатно е чувството да се освои пол позицијата и нешто за што отсекогаш сонував уште од детството. Така, сега конечно можам да го одстранам тоа од мојата листа, и се надевам дека утре можеме да одиме на уште еден силен резултат."
Карлос Саинц Јр., П2: "Денес имавме тешка квалификациска сесија, но горд сум како успеавме да ја завршиме и да направиме одличен круг за П2. Ми се допаѓаат овие незгодни услови и навистина уживав во тој последен обид на гумите за суво."
"Бевме едни од првите што ја преминаа целната линија и чекањето додека се потврди П2 беше напнато, бидејќи асфалтот брзо се сушеше! Првиот стартен ред е добар резултат, и јас сум среќен, но повеќе би сакал да бидам на пол позицијата!"
"Утре најверојатно ќе имаме сува патека, а на трениг сесиите имавме пристојно тркачко темпо. Ќе биде предизвик да се изменаџираат предните гуми, но јас ќе дадам се од себе од првиот круг до крајот. Честитки за Ландо за неговата прва Пол позиција! Добро е ќе ја започнам трката покрај него."
Џорџ Расел, П3: "П3 е неверојатен резултат и тимот уште еднаш направи неверојатна работа. Во моментов сме понесени од позитивен бран и се чувствуваме одлично! Во вакви ситуации имаме голем ризик, но и наградата е голема, но знаев дека мора да се обидеме на гумите за суво на крајот од сесијата."
"Успеав да ги донесам во добар работен прозорец и полека се надградував, за да го дадам максимумот во последниот круг.
Многу луѓе во минатото велеа дека третата позиција е најдоброто место за старт во Сочи. Нема да направам ништо лудо, но ако имам можност ќе се обидам да ја искористам."
"Ќе имаме многу незгодна трка, но ќе се бранам со сите сили и ќе ги бирам битките. Треба да гледаме напред, но и да сме реални бидејќи имаме многу брзи болиди зад нас. Нема да биде лесно, но ќе дадам се од себе."
ГУБИТНИЦИ
Луис Хамилтон, П4: "Направив грешка во пит-линијата и неверојатно сум разочаран од тоа. Дотогаш, бев супер расположен и навистина ми е жал за целиот тим што е тука и дома во фабриката, бидејќи очигледно ова не е она што го очекувате од шампион."
"Но, што е тука, тука е, и утре ќе дадам се од себе да се обидам да се поправам. На крајот, беше толку лизгаво, што кога немате температура во пневматиците и без време за втор круг, не можевме да го следиме темпото на момците пред нас."
"Тие болиди имаат добро тркачко темпо и дефинитивно нема да биде лесно да се престигнат. Колку и да се чувствувам ужасно во моментов, ќе пробам да го претворам тоа чувство во позитивно и ќе се обидам да го направиме најдоброто што можеме. Но, имаме Британец на пол, што е одлично, па честитки за Ландо."
Серџо Перез, П9: "Работите изгледаа навистина ветувачки и имав добар настап во Q1 и Q2. Но, при променливи временски и услови на патеката, тајмингот е важен и вака гледано, веројатно можевме да преминеме на гумите за суво еден круг порано."
"Како што знаеме, се може да се случи на трката, а позитивна работа од денешните квалификации е тоа што болидот се претстави многу добро на влажниот асфалт. За утре, главната цел ќе биде да имаме добар старт и потоа да ја извозиме трката на најдобриот можен начин."
Пјер Гасли, П12: "Немам многу што да кажам во моментов, мислам дека имавме темпо лесно да се пласираме во Q3 сесијата, па очигледно е дека сум многу фрустриран."
"Во Q1 бев навистина брз при вакви услови, се чувствував удобно во болидот и веднаш можев да форсирам. Сепак, за Q2 сесијата останав со само еден комплет на гуми, кои беа целосно искористени до крајот на сесијата. Мислам дека ова беше голема грешка од наша страна, но ќе морам да зборувам со тимот за да разберам што се случи."
"Пропуштивме реална можност да се пласираме во Q3, но сега треба да се насочиме кон утрешниот ден и да видиме што можеме да направиме за да го надополниме изгубеното."
ПОБЕДНИЦИ И ГУБИТНИЦИ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ СО СОЧИ
9/25/2021 09:11:00 PM
0
Share to other apps









