Тимот на Астон Мартин се уште не може да се бори за Победи, но според статистиката на Ф1 која е анализирана од германскиот АМУС, постои еден показател според кој Себастијан Ветел е пред сите.
Тимот од Силверстоун започна голема реорганизација, за околу година и пол треба да се изгради нова база со нов воздушен тунел, а Лоренс Строл, сопственикот на Астон Мартин Ф1, си постави доста амбициозни цели, за 4-5 години тимот да стане способен за освојување на шампионските титули.
Тоа се плановите за иднина, но моментално, по 15 изминати трки од 2021 сезоната, Себастијан Ветел е лидер по бројот на извршени претекнувања. На конто на четирикратниот шампион има 95 успешни претекнувања, што зборува за неговата тркачка вештина, која се уште е на високо ниво.
Инаку, Фернандо Алонсо е втор во ова рангирање со 91 претекнувања, а третото место го држи Серџо Перез со 88 претекнувања со болидот на Ред Бул.
Од тековната сезона, ова не е само забавна статистика и за прв пат на крајот на 2021 година, на најдобриот мајстор за претекнување ќе му биде доделена специјална награда за претекнување, која беше воведена по заслуга за најновиот спонзор на Ф1, Crypto.
По најдобрите тројца, возачите се рангираат по следниот редослед: Ленс Строл 83, Карлос Саинц Јр. 78, Даниел Рикиардо 77, Јуки Цунода, 74 и Кими Раиконен 73.
Како што може да забележите на оваа листа ги нема лидерите во шампионатот, а тоа е така бидејќи ако стартувате од предните редови, едвај да претекнувате некого, што е сосема логично.
Но, Големата Награда на Русија беше исклучок за Макс Ферстапен, кој во Сочи стартуваше од последната позиција и успешно се проби до 2-то место со помош на 15 претекнувања.
Сепак, успехот на оваа табела не би требало безусловно да се вреднува како некое значајно постигнување, бидејќи оваа статистиката има негативна страна. На пример, толкав број на претекнувања е доказ дека четирикратниот шампион има слаби резултати во квалификациите.
Во просек, тој трките ги стартува некаде околу 12-тата позиција. Но, од друга страна болидот на Астон Мартин и не дозволува да барате нешто повеќе, а тимот го зазема 7-то место во шампионатот на конструктори, доста зад тимот на АлфаТаури.
СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ ЛИДЕР ВО ПРЕТЕКНУВАЊА
9/30/2021 01:51:00 PM
0
Share to other apps
