Во 2017 година беше одлучено квалификациите да се одложат за два часа поради концерт, но оттогаш тоа стана традиција, за оваа година гости беа Red Hot Chilli Peppers. По Македонско време, сесијата започна во 23:00 часот, а заврши во истиот ден кога ќе се одржи и трката, т.е. недела.
Една од главните теми на разговор беше состојбата со асфалтот. Возачите маневрираа меѓу нерамнините, обидувајќи се да останат во границите на патеката низ свиоците 9 и 19, бидејќи на трите тренинг сесии, стјуардите ги избришаа времињата на вкупно 65 круга.
Во петокот, Мерцедес АМГ го забележа најбрзото време, денес на саботниот тренинг Ред Бул беше во водство. Невообичаено жешкото време во Тексас имаше големо влијание, па така најбрзите црвени гуми се прегреваа, не обезбедувајќи го потребниот грип.
Четворица возачи ги започнаа квалификациите знаејќи дека ќе ги загубат своите позиции на стартот. Алонсо, Ветел и Расел целосно ги променија погонските единици, па добија казна да стартуваат од крајот на гридот. Валтери Ботас го промени само моторот, па загуби пет места.
Пред квалификациите, механичарите на Ред Бул работеа на болидот на Ферстапен, наоѓајќи мала пукнатина на задното крило, но навреме го решија проблемот.
Во Q1 сегментот сите возачи излегоа на патеката на црвените гуми. Никита Мазепин никако не може да се снајде во сообраќајот на патеката, па најнова негова жртва беше Себастијан Ветел, попречувајќи го во низа од 3-5 свиоци. Сепак, стјуардите мислеа дека не заслужува казна, бидејќи и двајцата не биле во брзи круга.
По првите брзи круга, најбрз беше Макс Ферстапен, но беше надминат од Чарлс Леклер во вторите обиди, а од понатамошната борба отпаднаа Строл, Латифи, Раиконен, Шумахер и Мазепин.
Во Q2, Хамилтон, Ботас, Ферстапен, Перез, Леклер, Рикиардо, Норис, Гасли и Окон ги избраа жолтите гуми за нивниот прв обид. Перез, Рикиардо и Расел излегоа надвор од граниите на патеката, па нивните времиња беа избришани, а најдобро време го имаше Макс Ферстапен.
Во вториот обид само Гасли и Цунода излегоа на црвените гуми, а времето на Макс Ферстапен остана најдобро. Вториот брз круг на Расел исто така беше избришан. Окон, Ветел, Џовинаци, Алонсо и Расел не се пласираа во финалниот сегмент.
А таму се пласираа пет тимови со двата свои возачи, и тоа: Ред Бул, Мерцедес АМГ, Мекларен, Ферари и АлфаТаури. Сите ги избраа црвените гуми за своите најбрзи кругови. По првите брзи круга, најбрзото време го имаше Серџо Перез, 1:33.180, две стотинки пред тимскиот колега.
Кога веќе времето беше истечено, во некои области на патеката, започна да врне слаб дожд, но не влијаеше на битката за Пол позицијата. Прво Луис Хамилтон го подобри своето време и се најде на врвот на табелата, но Холанѓанецот во Ред Бул леташе на патеката и го подобри најбрзото време за две десетинки.
Серџо Перез, кој водеше по првите брзи круга, не успеа да се носи со ривалите за шампионската титула, па мораше да се задоволи со третата стартна позиција.
ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА САД - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
1. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:32.910 | |
2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:33.119 | + 0.199 |
3. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:33.134 | + 0.224 |
4. | Валтери Ботас* | Мерцедес АМГ | 1:33.475 | + 0.565 |
5. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:33.606 | + 0.696 |
6. | Карлос Саинц ЈР. | Ферари | 1:33.792 | + 0.882 |
7. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:33.808 | + 0.898 |
8. | Ландо Норис | Мекларен | 1:34.887 | + 0.977 |
9. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:34.118 | + 1.208 |
10. | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:34.918 | + 2.008 |
* +5 позиции - промена на мотор Q2 Најбрзо Време: Макс Ферстапен - 1:33.464 |
||||
11. | Естебан Окон |
Алпин | 1:35.377 | + 1.915 |
12. | Себастијан Ветел** |
Астон Мартин | 1:35.500 | + 2.036 |
13. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:35.794 | + 2.330 |
14. | Фернандо Алонсо** |
Алпин |
1:44.549 | + 11.085 |
15. | Џорџ Расел** | Вилијамс | / | / |
** старт од последен ред - промена на ПЕ Q1 Најбрзо Време: Чарлс Леклер - 1:34.153 |
||||
16. | Ленс Строл | Астон Мартин |
1:35.983 | + 1.830 |
17. | Николас Латифи |
Вилијамс | 1:35.995 | + 1.842 |
18. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:36.311 | + 2.158 |
19. | Мик Шумахер | Хас | 1:36.499 | + 2.346 |
20. | Никита Мазепин |
Хас | 1:36.796 | + 2.643 |
107% време: 1:40.744 | ||||
ХИБРИДНА ЕРА - ПАТЕКА НА АМЕРИКИТЕ 2014 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:36.067 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:56.824 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:34.999 2017 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:33.108 2018 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:32.237 2019 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:32.029 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:32.910 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |