По трет пат оваа година и 12-ти пат во историјата на Формула 1, трката заврши без нити едно откажување, сите возачи беа во можност да ја завршат.
Естебан Окон заврши на 10-тото место без нити едно застанување во боксот. Со ова Европскиот дел од сезоната е завршен, а ни остануваат шест трки до крајот од кои првата е за две недели во Остин, Тексас, САД.
По минатогодишното фијаско со лизгавиот нов асфалт, сопствениците на патеката доведоа специјална фирма која го исчисти горниот слој битумен од асфалтот. Тоа за последича донесе фантастичен грип, на суво и влажно, но затоа пак гумите почнаа побрзо да се трошат.
Уште еднаш, времето беше еден од факторите. Во раните часови на денот имаше обилни врнежи од дожд, а за време на стартот на трката беше облачно, со голема влажност на воздухот и ветровито.
Асфалтот се сушеше премногу бавно, па сите возачи стартуваат на зелените интермедиа гуми. Но, она што никој не го очекуваше е дека патеката нема никогаш да се исуши, барем не до самиот финиш на истата.
На стартот, Валтери Ботас го задржа водството по првиот свиок, како и сите во топ 10 поредокот, освен Фернандо Алонсо, кој излета од патеката по контактот со Пјер Гасли, враќајќи се на 18-тото место во тој момент.
Стјуардите решија дека Французинот е виновен за судирот, па го казнија со пет секунди. Возачите што стартуваа поназад, пред се поради казните за промена на делови на ПЕ, имаа интересна трка обидувајќи се да напредуваат на гридот, останатите како да беа задоволни со своите позиции.
Во 5-от круг, Рикиардо го престигна Алонсо за 16-то место, но тоа беше се што направи, а болдиот на Мекларен не беше во можност да направи нешто повеќе. Карлос Саинц Јр. лесно ги претекна Расел, Раиконен и Џовинаци, и се искачи на 12-тото место.
Во 7-от круг, Хамилтон конечно го престигна дебитантот во АлфаТаури, Јуки Цунода, напаѓајќи од надворешната страна на третиот свиок. Изненадува фактот што толку многу се задржа зад Јапонецот, за да веднаш потоа лесно се справи со Строл и Ландо Норис, искачувајќи се на шестото место.
Изнервираниот Алонсо имаше проблеми со престигнувањето на Хас-от на Мик Шумахер по што дојде до контакт во кој подебелиот крај го извлече Германецот. За виновник беше прогласен Фернандо Алоно, кој од стјуардите заработи казна од +5 секунди.
Во 15-от круг, Саинц Јр. го престигна Ветел за Топ 10 пласман. При маневарот дојоде до минимален контакт, но и двајцата продолжија да се движат. Понапред Луис го престигна и Пјер Гасли за петтото место. Неколку круга подоцна, Карлос Саинц Јр. го помина и Јуки Цунода за деветтото место.
Тоа беа возачите кои и даваа жар на трката, а топ 10 пласманот по првите 20 круга беше следен: Ботас, Ферстапен, Леклер, Перез, Хамилтон, Гасли, Норис, Строл, Саинц Јр. и Цунода.
Многумина се жалеа на истрошените гуми, но асфалтот се суши многу бавно, а потоа повторно започна да врне лесен дожд на одредени делови од патеката. Тоа беа моменти на чекање некој да го повлече првиот потег. Асфалтот бавно се сушеше и не беше за гуми за суво, а од друга страна зелените гуми не можеа да се искористат до максимум.
Даниел Рикиардо, кој и така не можеше да напредува, беше првиот што се реши да смени гуми, преминувајќи на нов сет на зелени гуми. Цунода излета од патеката откако изврте во деветтиот свиок, но продолжи да се движи, губејќи три места.
Новиот сет на гуми монтирани на Мекларенот од Австралиецот не донесоа ништо посебно од страна на брзина, но покажаа дека ги достигнуваат оптималните перформанси отако по неколку круга ќе исчезне високото ниво на грејнинг.
Хамилтон го нападна Перез за четвртото место, успеа да излезе пред него, но во следните неколку свиоци Мексиканецот возврати, за на крај да ја одбрани својата позиција.
Први од лидерите се решија да делуваат во гаражата на Макс Ферстапен, кој во 36-от круг беше повикан во бокс за нов сет на интермедиа гуми. Нивниот пример го следеа, Џорџ Расел, Мазепин и Саинц Јр. Во гаражата на Ферари имаше проблем при промената на гуми на болидот на Шпанецот.
Во следниот круг реагираа и механичарите на Мерцедес АМГ, повикувајќи го Ботас во бокс, проследено со влегување на Перез и Ветел. На изненадување на сите Себастијан ризикуваше гуми за суво, но кога излезе на патеката, сфати дека направиле огромна грешка и додека се врати повторно во бокс, едвај остануваше на асфалтот.
Единствено Чарлс Леклер и Луис Хамилтон останаа на патеката со почетниот комплет на интермедиа гумите. На Валтери Ботас му беа потребни 10 круга да ја анулира преднста од околу 6 секунди на водечкото Ферари и Чарлс Леклер беше престигнат во 47-от круг.
Во меѓувреме во гаражата на Ферари владееше нерешителност дали да се влезе во бокс или не, но по престигнувањето се решија за промена на гумите, враќајќи се на четвртото место.
Истата дилема се одвиваше и во гаражата на Луис Хамилтон. Британецот веруваше дека ќе успее да заврши на почетниот сет гуми, но во 50-от круг, неговиот инженер беше особено упорен, а Хамилтон негодувајќи се упати кон боксот, враќајќи се на патеката како петти.
Новите гуми не работеа ниту за Леклер ниту за Хамилтон, па и двајцата по пит-стопот беа инфериорни во однос на нивните ривали. Серџо Перез во 53-от круг го престигна Леклер во борбата за третото место.
Како што и се очекуваше гумите на Хамилтон почнаа да работат по неколку круга и тој успеа да побегне од потенцијалниот напад од Пјер Гасли кој се приближуваше зад него.
До крајот на трката Ленс Строл во борба за 9-тото место успеа да го престигне Естебан Окон кој со болдиот на Алпин ја извозе целата трка на стартиот сет на зелените гуми.
| 2020 ГН ТУРЦИЈА - ТРКА 58 круга, 309.049км., Време: Облачно/Дожд |
|||
| ПЛАСМАН: | |||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ |
| 1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1ч31:04.103 |
| 2. | Макс Ферстапен | Ред Бул | + 14.584 |
| 3. | Серџо Перез | Ред Бул | + 33.471 |
| 4. | Чарлс Леклер | Ферари | + 37.814 |
| 5. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | + 41.812 |
| 6. | Пјер Гасли | АлфаТаури | + 44.292 |
| 7. | Ландо Норис | Мекларен | + 47.215 |
| 8. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | + 51.526 |
| 9. | Ленс Строл | Астон Мартин |
+ 1:22.018 |
| 10. | Естебан Окон | Рено | + 1 круг |
| 11. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 12. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | + 1 круг |
| 13. | Даниел Рикиардо | Мекларен | + 1 круг |
| 14. | Јуки Цунода |
АлфаТаури | + 1 круг |
| 15. | Џорџ Расел | Вилијамс | + 1 круг |
| 16. | Фернандо Алонсо |
Алпин |
+ 1 круг |
| 17. | Николас Латифи | Вилијамс | + 1 круг |
| 18. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
+ 1 круг |
| 19. | Мик Шумахер |
Хас | + 2 круга |
| 20. | Никита Мазепин |
Хас | + 2 круга |
| НАЈБРЗ КРУГ: ВАЛТЕРИ БОТАС - 1:31.023 | |||
| БЕЗ ПЛАСМАН: НЕМА | |||
| ХИБРИДНА ЕРА - ИСТАНБУЛ ПАРК 2020 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1ч42:29.315 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1ч31:04.103 @MkFormula1 - РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА @MkFormula1 - REPUBLIC OF MACEDONIA |
|||
| 2021 ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН 16/22 | |||
| ВОЗАЧИ: | |||
| 1. | Макс Ферстапен | 262.5 | |
| 2. | Луис Хамилтон | 256.5 | |
| 3. | Валтери Ботас | 177 | |
| 4. | Ландо Норис | 145 |
|
| 5. | Серџо Перез | 135 | |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | 116.5 | |
| 7. | Чарлс Леклер | 116 | |
| 8. | Даниел Рикиардо | 95 | |
| 9. | Пјер Гасли | 74 | |
| 10. | Фернандо Алонсо | 58 | |
| 11. | Естебан Окон | 46 | |
| 12. | Себастијан Ветел | 35 | |
| 13. | Ленс Строл | 26 | |
| 14. | Јуки Цунода | 18 | |
| 15. | Џорџ Расел | 16 | |
| 16. | Николас Латифи | 7 | |
| 17. | Кими Раиконен | 6 | |
| 18. | Антонио Џовинаци |
1 | |
| 19. | Мик Шумахер | 0 | |
| 20. | Роберт Кубица |
0 | |
| 21. | Никита Мазепин | 0 | |
| КОНСТРУКТОРИ: | |||
| 1. | Мерцедес АМГ | 433.5 | |
| 2. | Ред Бул | 397.5 | |
| 3. | Мекларен | 240 | |
| 4. | Ферари | 232.5 | |
| 5. | Алпин | 104 | |
| 6. | АлфаТаури | 92 | |
| 7. | Астон Мартин | 61 | |
| 8. | Вилијамс | 23 | |
| 9. | Алфа Ромео | 7 | |
| 10. | Хас | 0 | |
