Смртта на Сер Френк беше објавена, во име на неговото семејство, од тимот што тој го водеше многу децении.
Минатиот петок тој беше пренесен во болница, каде што почина опкружен со семејството.
Ви го пренесуваме соопштението на прес-службата на Вилијамс:
"Денес го почитуваме споменот на човекот кого многу го сакавме и кој ги инспирираше сите. Френк многу ќе ни недостига. Ги молиме сите пријатели и колеги да ги почитуваат желбите на семејството и во ова тешко време да не го нарушуваат неговото право на приватност."
За оние кои сакаат да му оддадат почит на овој легендарен човек, тимот понуди да се донесе цвеќе на влезот од седиштето на Вилијамс во Гроув.
За оние кои ги следат настаните во светот на Формула 1 барем во последните триесет години, Френк Вилијамс го паметат како вечен шеф на својот тим. Тој беше тимски шеф подолго од кој било друг, уште во 2019 година, неговото искуство достигна половина век.
За прв пат Формула 1 болид на неговиот приватен тим тргна на 16 Март 1969 година, тоа беше Трка на шампиони во Брендс Хеч, а потоа Брабам БТ26 беше возен од Пирс Кериџ. Иако сè уште не го знаеме како Вилијамс, туку како болидите на Френк Вилијамс, но ова се само ситни детали.
Во секој случај, се верува дека во периодот што започнува во пролетта 1969 година, Френк Вилијамс водеше два тима. Вилијамс ГП беше основан подоцна, во 1977 година. Најкратките статистички информации се доволни за да се процени обемот на достигнувањата на овој човек. Неговите возачи станаа шампиони седум пати, а тимот освои девет титули кај конструкторите.
Победите започнаа во 1979 година. Клеј Регацони победи на Британското ГП со FW07 болидот. На крајот на сезоната, Вилијамс го освои второто место во шампионатот на конструктори, а во 1980 година го освои за прв пат. Во истата година, Алан Џонс стана Шампион, а тоа беше прва титула во историјата на тимот.
Втората Титула дојде две години подоцна со Кеке Розберг, додека на третата мораше да се чека пет години, во 1987 година ја освои Нелсон Пике. Пет години подоцна, шампион стана Најџел Менсел, потоа Ален Прост, 1996 година, Дејмон Хил, во 1997 година Жак Вилнев.
Подоцна имаше победи, но тие стануваа се помалку, најславните страници во историјата на тимот на Френк Вилијамс, за жал, беа превртени.
Веројатно, се можеше да испадне и поинаку, бидејќи во 1994 година, Аиртон Сена, трикратен шампион, седна зад воланот на болидот на Вилијамс, но судбината сакаше да одлучи на свој начин. На 1 Мај во Имола, големиот Бразилец загина додека го возеше FW16... Таа сезона, Вилијамс ја освои Титулата во шампионатот на конструктори.
Но, времињата се сменија, а визијата на Френк Вилијамс се чини дека забави во својот развој. Претпоследната победа на тимот ја донесе Хуан-Пабло Монтоја, освојувајќи го Бразилското ГП на крајот на октомври 2004 година, а пред почетокот на следната сезона, Мареј Вокер, уште еден легендарен британски ветеран на Формула 1, го даде следново предвидување: "Вилијамс е како ББС, со одличен персонал и одличен буџет, но малку старомоден, а помалите тимови веќе го достигнаа тоа."
Резултатите се влошуваа, што влијаеше на буџетот, а здравјето на Сер Френк почна да се влошува, бидејќи уште во март 1986 година доживеа сообраќајна несреќа, по што беше врзан за инвалидска количка до крајот на своите денови, но продолжи да го води тимот долго време, демонстрирајќи фантастична волја, за што го доби прекарот "Железниот Френк".
Во 2013 година, тој ги префрли овластувањата на неговата ќерка Клер Вилијамс, која го презеде раководството на тимот, иако како негов заменик-шеф. Но, формално, тој ја задржа својата функција.
Сите се сеќаваат што се случи во последните години. Историјата на Вилијамс како семеен тим заврши во август 2020 година, акциите на компанијата беа купени од американската холдинг компанија Дорилтон Капитал.
Големата награда на Италија беше последната трка на која Клер присуствуваше како заменик тимски шеф, по што во интервју за официјалната веб-страница на шампионатот рече:
"За нас, Тимот отсекогаш бил пред се. Така беше четири децении, кога Вилијамс настапуваше во Формула 1. Тимот секогаш остана во нашите срца, тој беше центарот на нашето семејство. Одлуката да го продадеме беше релативно лесна во смисла дека сакавме да обезбедиме успешна иднина за тимот."
Веројатно, главната работа во оваа приказна е што иднината на името Вилијамс е обезбедено. Тимот што го носи неговото презиме сè уште се натпреварува во Формула 1. Неговите нови сопственици и менаџери имаат многу амбициозни и долгорочни планови, а до кој степен тие можат да се реализираат ќе покаже иднината.
Во меѓувреме, останува само да ги цитираме зборовите на Јост Капито, актуелниот шеф на Вилијамс:
"Тимот на Вилијамс со голема тага ја објави веста за починувањето на нашиот основач, Сер Френк Вилијамс. Беше легенда, една од култните фигури на нашиот спорт. Неговото заминување ќе биде финале на една ера во историјата на нашиот тим и на целата Формула 1."
"Тој беше единствена личност, вистински визионер. И покрај сите искушенија, тој го предводеше тимот кој освои 16 Титули, што го прави еден од најуспешните во историјата на спортот."
"Тој отсекогаш ги ценел интегритетот, тимската работа, независноста и одлучноста, а сите овие квалитети остануваат основа на работната етика на Вилијамс. Тие ги наследивме од него, заедно со името под кое се гордееме да се тркаме."
"Во ова тешко време, сите наши мисли се со семејството Вилијамс."
ФРЕНК ВИЛИЈАМС 1942-2021
11/28/2021 08:23:00 PM
0
Share to other apps