Ова беше трета Пол позиција во сезоната, 19-та во Ф1 кариерата на Валтери Ботас. Луис Хамилтон беше за само 15 стотинки побавен од својот тимски колега, но придонесе по осумдесетти пат во историјата, првиот стартен ред да биде за Мерцедес АМГ. Според овој показател се израмнија со досега водечкиот тим на Ферари.
Пред почетокот на викендот, многумина го сметаа Ред Бул за фаворит на мексиканскиот викенд, поради тоа што ПЕ на Хонда се поефикасни на голема надморска височина.
Очекувањата беа потврдени на тренинг сесиите, во петокот и саботата, со тоа што возачите на Ред Бул беа половина секунда пред ривалите од Мерцедес АМГ.
Пет возачи ги започнаа квалификациите знаејќи дека ќе загубат места на стартот. Строл, Цунода, Норис и Окон имаат нови погонски единици во своите болиди и ќе ги заземат последните стартни местана гридот, додека Џорџ Расел ќе изгуби пет места за промена на менувачот.
Патеката во Мексико Сити беше изненадувачки правлива, па на почетокот грипот беше минимален, но се подобруваше со секоја наредна сесија. Во петокот на трибините беа присутни 97 илјади фанови, а денес воопшто немаше празни места.
Во Q1 сесијата, возачите на Вилијамс за својот орв обид се решија за жолтите гуми, но не комплетираа брз круг, по што се вратија во боксот. Сите други на патеката излегоа на црвените гуми.
Само седум возачи имаа време да комплетираат брз круг кога сесијата беше прекината, по излетувањето на Ленс Строл на излез од последниот свиок. Канаѓанецот заврши во бариерите покрај патеката, причинувајќи голема штета на својот Астон Мартин.
Тој самостојно излезе од болидот, но поради силината на ударот веднаш беше испратен на превентивен преглед во медицинскиот центар. Сензорот во неговиот болид покажал оптоварување од 12Г, но лекарите набрзо го ослободија возачот.
Беше неопходно да се евакуира неговиот болид, да се отстранат остатоците, како и да се врати TecPro бариерата во првобитната состојба. Прекинот траеше 26 минути, по што квалификациите беа рестартирани.
По квалификациите, стјуардите ja разгледуваа постапката на Раиконен, кој под црвени знамиња по инцидентот на Строл, прво реши да оди во бокс и ја мина белата линија, а потоа се предомисли и повторно ја премина линијата, враќајќи се на патеката. (Одлуката е Укор, втор за Финецот. Трет ќе значи казна од 10 стартни места).
По рестартот на Q1 сесијата, болидот на Саинц Jр. при излез од боксевите ја загуби моќноста од својата ПЕ, но по консултациите со својот тркачки инженер, Шпанецот успеа да забрза.
Најбрзото време го забележа Валтери Ботас, а од понатамошната борба испаднаа: Алонсо, Латифи, Шумахер, Мазепин и Строл.
Во Q2 сесијата, сите, освен казнетите Окон и Цунода, возеа на жолтите гуми при нивниот прв обид, преферирајќи ги за подобар избор за старт на трката. Ферстапен го имаше најбрзото време, но, со време само две стотинки побрзо от тоа на Луис Хамилтон.
Неочекувано, Јуки Цунода го забележа третото најбрзо време на црвените гуми, две десетинки зад Макс. Во вториот обид само Ферстапен, Цунода и Расел се обидоа на црвените гуми, останатите повторно возеа на жолтите.
Серџо Перез се врати во својата гаража без да го комплетира кругот. Хамилтон го забележа најбрзото време, девет илјадитинки пред Ферстапен. Во финалниот сегмент од квалификациите не се пласираа Ветел, Раиконен, Расел, Џовинаци и Окон.
Во последните секунди од сесијата се појавија жолтите знамиња по извртувањето на Џовинаци, кој успеа да избегне посериозен контакт со бариерите покрај патеката.
Во Q3 сесијата сите користеа црвени гуми. Тимските колеги возеа во парови, како би си обезбедиле заветрина. Во првиот обид Ботас беше најбрз со време од 1:15.875. Макс Ферстапен не беше сигурен, се пожали на нестабилен заден крај на болидот, по што загуби три десетинки.
Во решавачкиот обид, Перез имаше задача да обезбеди заветрина за Ферстапен, но, пред нив Цунода излета по што круговите на Перез и Макс беа уништени. Ниту Хамилтон не се подобри, па пол позицијата остана кај Валтери Ботас.
Стартот на Големата Награда на Мексико Сити е закажана за 20:00 часот по Македонско време.
| ГОЛЕМАТА НАГРАДА НА МЕКСИКО - КВАЛИФИКАЦИИ | ||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА |
| 1. | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:15.875 | |
| 2. | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:16.020 | + 0.145 |
| 3. | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:16.225 | + 0.350 |
| 4. | Серџо Перез | Ред Бул | 1:16.342 | + 0.467 |
| 5. | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:16.456 | + 0.581 |
| 6. | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:16.761 | + 0.886 |
| 7. | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:16.763 | + 0.888 |
| 8. | Чарлс Леклер | Ферари | 1:16.873 | + 0.962 |
| 9. | Јуки Цунода* | АлфаТаури | 1:17.158 | + 1.283 |
| 10. | Ландо Норис* | Мекларен | 1:36.830 | + 20.955 |
| Q2 Најбрзо Време: Луис Хамилтон - 1:16.474 | ||||
| 11. | Себастијан Ветел | Астон Мартин |
1:17.746 | + 1.272 |
| 12. | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:17.958 | + 1.484 |
| 13. | Џорџ Расел** | Вилијамс | 1:18.172 | + 1.698 |
| 14. | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:18.290 | + 1.816 |
| 15. | Естебан Окон* | Алпин | 1:18.405 | + 1.931 |
| Q1 Најбрзо Време: Валтери Ботас - 1:16.727 | ||||
| 16. | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:18.452 | + 1.725 |
| 17. | Николас Латифи |
Вилијамс | 1:18.756 | + 2.029 |
| 18. | Мик Шумахер |
Хас | 1:18.858 | + 2.131 |
| 19. | Никита Мазепин | Хас | 1:19.303 | + 2.576 |
| 20. | Ленс Строл* |
Астон Мартин | 1:20.873 | + 4.146 |
* Промена на ПЕ - Старт од последен ред 107% време: 1:22.098** Промена на менувач - 5 стартни места |
||||
|
ХИБРИДНА ЕРА - БРАЌА РОДРИГЕЗ 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:19.480 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:18.704 2017 Себастијан Ветел - Ферари - 1:16.488 2018 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:14.759 2019 Макс Верстапен - Ред Бул - 1:14.758 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:15.875 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia | ||||
