Со доаѓањето на Гуанју Џоу во Формула 1 може да имаме втора трка во Кина. Поради пандемијата на коронавирусот, Големата Награда на Кина не се одржува од 2019 година, не е во календарот нити за следната сезона, но неодамна беше најавено потпишување на нов тригодишен договор од 2023 година.
Во интервју за Race, извршниот директор на Формула 1 Стефано Доменикали изјави дека доаѓањето на кинескиот возач може радикално да ја промени ситуацијата.
"Следната сезона нема да дојдеме во Шангај не поради нас, туку поради пандемијата. Но, оваа година го продолживме договорот на три години за да ја гарантираме иднината на трката. И уверен сум дека доаѓањето на Џоу, првиот кинески возач во Формула 1, ќе има огромно влијание врз популарноста во Кина. Веќе добивме барање од друг кинески град да биде домаќин на трка, па појавувањето во календарот на втората трка во Кина е апсолутно реално."
"Секогаш сум зборувал дека многу работи во Формула 1 зависат од возачите. Тие се амбициозни, нивната борба привлекува фанови. Многу е важно што сега во шампионатот имаме многу талентирани млади возачи. Тие се нашиот главен мотиватор. Ние сме многу заинтересирани да придонесеме за нивниот имиџ заедно со ФИА. Гледаме голем потенцијал во Формула 3 и Формула 2, тоа е дел од пирамидата што ги подготвува младите за Формула 1."
ДАЛИ ЌЕ ИМАМЕ ВТОРА ТРКА ВО КИНА
11/30/2021 12:15:00 PM
0
Share to other apps
