Импресивен настап за Ред Бул, при што Перез заврши на четвртото место, но во доменот на времињата на возачите на Мерцедес АМГ. Овие два тима имаат јасна предност пред останатите тимови.
За време на викендот во Мексико Сити ќе има малку придружни трки. По првиот тренинг имаше само кратки тренинзи од локалната Формула 4 и GT серија, но сепак многу правливата патека стана побрза отколку предпладнето.
Намалени беа и грешките на возачите. Ленс Строл и Мик Шумахер излетаа во 12-от свиок, Ботас и Хамилтон во првиот. Латифи за малку ќе го уништеше носот на својот болид од бариерите покрај 17-от свиок, но за негова среќа се помина во најдобар ред.
Неговиот тимски колега, Џорџ Расел, ја загуби целата сесија поради проблеми со менувачот, кои подоцна се појавија и на Мекларенот на Даниел Рикиардо, кој исто така предвреме го заврши тренингот. Се помина без црвени знамиња и многу комплетирани кругови, па сите тимови треба да имаат многу податоци за утрешниот ден.
Првите две години, по враќањето на Ф1 во Мексико, трките беа победени од Пол позицијата, Нико Розберг и Луис Хамилтон. Но, оттогаш, возачот на пол не успева да вкуси победа во 2017, 2018 и 2019 година.
Последен пат кога Формула 1 беше во Мексико, Хамилтон победи со старт од П3 на гридот. Сето тоа значи дека квалификациите се важни, но можеби не толку клучни како на патеки како Монако.
Досега, Мексико го исполни она што го најавуваше, правлива патека која ги казнува невнимателните возачи, два тима кои ќе се борат за Победа, останатите за што подобар пласман. На програмата следуваат саботниот тренинг и квалификациите кои се закажани за 21:00 часот по македонско време.
| 2021 МЕКСИКО ГП - ТРЕНИНГ 2 |
|||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:17.301 | 28 | |
| 2 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:17.725 | + 0.424 | 31 |
| 3 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:17.810 | + 0.509 | 26 |
| 4 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:17.871 | + 0.570 | 26 |
| 5 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:18.318 | + 1.017 | 29 |
| 6 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:18.429 | + 1.128 | 29 |
| 7 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:18.605 | + 1.304 | 28 |
| 8 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:18.644 | + 1.343 | 31 |
| 9 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:18.681 | + 1.380 | 32 |
| 10 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:18.732 | + 1.431 | 25 |
| 11 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:18.841 | + 1.540 | 27 |
| 12 | Ландо Норис | Мекларен | 1:18.979 | + 1.678 | 25 |
| 13 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:19.227 | + 1.926 | 31 |
| 14 | Естебан Окон | Алпин | 1:19.431 | + 2.130 | 37 |
| 15 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:19.521 | + 2.220 | 7 |
| 16 | Мик Шумахер | Хас | 1:19.620 | + 2.319 | 30 |
| 17 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:19.730 | + 2.429 | 36 |
| 18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:20.820 | + 3.519 | 17 |
| 19 | Никита Мазепин | Хас | 1:21.581 | + 4.280 | 28 |
| 20 | Џорџ Расел | Вилијамс | / | / | 2 |
| ХИБРИДНА ЕРА - БРАЌА РОДРИГЕЗ 2015 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:25.990 2016 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:20.914 2017 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:17.824 2018 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:16.720 2019 Себастијан Ветел - Ферари - 1:16.607 2021 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:18.341 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||
