Серџо Перез беше четврти со вториот Ред Бул, само десетинка и пол побавен од својот тимски колега, што со оглед на тоа што пропушти половина од сесијата, воопшто не е лошо постигнување.
Пјер Гасли заврши како најдобар од останатите со 5-тото најбрзо време, потврдувајќи ја добрата форма што го следи во текот на целата сезона. Ферари заврши со два болида во Топ 10, иако Леклер не беше баш најсигурен во својот настап.
Фернандо Алонсо и Естебан Окон се искачија повисоко на табелата во последните мигови на сесијата, кога се решија да извозат неколку брзи кругови, при што Шпанецот заврши на седмото место, а Окон 9-ти. Себастијан Ветел го заокружи пласманот на најбрзите 10 возачи.
Патеката, Браќа Родригез, ретко се користи за тркање, па така на почетокот на првиот тренинг, болидите креваа многу прашина, ама многу, се додека тркачката линија не се расчисти. Болидите беа подесени за максимална потисна сила, но на реткиот воздух аеродинамиката работеше помалку ефикасно, болидите се лизгаа по правливата патека.
Чарлс Леклер, а неколку минути подоцна и Серџо Перез, изгубија контрола врз своите болиди и завршија со задниот дел од болидот во бариерите покрај 17-от свиок. Двајцата возачи успеаа самостојно да се вратат во своите гаражи. Сепак беше воведен режим на виртуелен безбедносен автомобил за маршалите да ги расчистат остатоците од карбон на патеката.
На механичарите на Ферари и Ред Бул им беа потребни околу 30 минути да ги поправат нивните болиди. Луис Хамилтон и Кими Раиконен ги прекршија упатствата на Мајкл Маси за безбедно враќање на патеката, при излетување во првиот свиок, па стјуардите во овој момент ги разгледуваат овие инциденти. Секако, не се очекува поголема казна од Укор за двајцата возачи.
Јуки Цунода и Ленс Строл добија нови ПЕ, па затоа им следува казна за неделната трка - старт од последниот ред на гридот.
На прв поглед, Мерцедес АМГ има мала предност, но тие имаа поинаква стратегија во однос на нивните ривали, одлучувајќи да искористат два сета од црвените гуми, додека Ред Бул им даваше предност на белите гуми.
Мерцедес АМГ беше на врвот во секоја Т1 сесија по летната пауза, но тоа не секогаш значеше дека ја имаат предноста. Дали нивното темпо е вистинско или Ред Бул не ги открива се уште своите вистински карти, ќе дознаеме нешто повеќе на вториот тренинг, кој е закажан за 22:00 часот по Македонско време.
| 2021 МЕКСИКО ГП - ТРЕНИНГ 1 |
|||||
| П. | ВОЗАЧ | ТИМ | ВРЕМЕ | РАЗЛИКА | КРУГ |
| 1 | Валтери Ботас | Мерцедес АМГ | 1:18.341 | 28 | |
| 2 | Луис Хамилтон | Мерцедес АМГ | 1:18.417 | + 0.076 | 24 |
| 3 | Макс Ферстапен | Ред Бул | 1:18.464 | + 0.123 | 28 |
| 4 | Серџо Перез | Ред Бул | 1:18.610 | + 0.269 | 20 |
| 5 | Пјер Гасли | АлфаТаури | 1:18.985 | + 0.644 | 23 |
| 6 | Карлос Саинц Јр. | Ферари | 1:19.463 | + 1.122 | 26 |
| 7 | Фернандо Алонсо | Алпин | 1:19.656 | + 1.315 | 26 |
| 8 | Чарлс Леклер | Ферари | 1:19.667 | + 1.326 | 20 |
| 9 | Естебан Окон | Алпин | 1:19.759 | + 1.418 | 20 |
| 10 | Себастијан Ветел | Астон Мартин | 1:19.858 | + 1.517 | 27 |
| 11 | Јуки Цунода | АлфаТаури | 1:20.011 | + 1.670 | 30 |
| 12 | Кими Раиконен | Алфа Ромео | 1:20.026 | + 1.685 | 26 |
| 13 | Ленс Строл | Астон Мартин | 1:20.030 | + 1.689 | 27 |
| 14 | Даниел Рикиардо | Мекларен | 1:20.273 | + 1.932 | 25 |
| 15 | Ландо Норис | Мекларен | 1:20.301 | + 1.960 | 26 |
| 16 | Антонио Џовинаци | Алфа Ромео | 1:20.344 | + 2.003 | 27 |
| 17 | Џорџ Расел | Вилијамс | 1:20.517 | + 2.176 | 23 |
| 18 | Николас Латифи | Вилијамс | 1:21.580 | + 3.239 | 23 |
| 19 | Мик Шумахер | Хас | 1:22.144 | + 3.803 | 27 |
| 20 | Никита Мазепин | Хас | 1:22.819 | + 4.478 | 24 |
| ХИБРИДНА ЕРА - БРАЌА РОДРИГЕЗ 2015 Нико Розберг - Мерцедес АМГ - 1:21.531 2016 Себастијан Ветел - Ферари - 1:19.790 2017 Даниел Рикиардо - Ред Бул - 1:17.801 2018 Макс Ферстапен - Ред Бул - 1:16.656 2019 Луис Хамилтон - Мерцедес АМГ - 1:17.327 2021 Валтери Ботас - Мерцедес АМГ - 1:18.341 @МкФормула1 - Република Македонија @MkFormula1 - Republic of Macedonia |
|||||
