Се чинеше дека оваа сезона веќе сме виделе се, но трката за Големата Награда на Саудиска Арабија ни донесе исклучително остра интрига, најинтензивна конфронтација меѓу двајцата ривали за титулата.
Битката ќе биде тешка, никој од нив нема да попушти, но во исто време сите сакаме се да се одвива во рамките на правилата, кои и онака се стигнати за тотален ресет. Сезоната треба да заврши на патеката во Абу Даби и нека победи еден од двајцата.
Стјуардите се премногу неконзистентни во своите одлуки, на една трка дозволуваат нешто, а на друга казнуваат за истото, што не наведува да мислиме дека дуелите се на ивица на правилноста, и може да се толкуваат и така и така, и покрај сите возможни камери, комуникации, телеметрија од болидите!!!
Од сето ова произлегува само едно нешто, треба голем РЕСЕТ на правилата за тркање. Дали сакаме "МАШКА" БОРБА или ЌЕ ПЛАЧЕМЕ за се. Макс е во право кога кажа ова веќе не е Формула 1 тркање, туку Формула 1 возење по непотребно многуууууууууууууууууууууууууууу правила, и тоа докажано од СТЈУАРДИТЕ дека може да се толкуваат двосмилено!!!
Трката ја одбележа фамозниот судир на Хамилтон во болидот на Макс. Овој инцидент е речиси на права линија. Немаме пристап до телеметрија, но со голо око може да забележи дека Макс забави многу порано пред судирот на брзини далеку под нормалната тркачка брзина на овој дел од патеката. Според списокот на забележаните времиња тој круг беше возен со 4 секунди побавно време од нормалното, 4 СЕКУНДИ!!!
И без одлука на стјуардите, возачите ја даваат или не ја даваат позицијата кога имаме излегување надвор од патеката, во зависност од нивната проценка. Примерот со болидите на Ферари, кои ја имаа истата ситуација, но Леклер не сакаше да го пушти Саинц Јр. од страна на стјуардите не беше ни разгледуван.
Макс беше советуван од тимот да ја врати позицијата, а не по одлука на стјуардите! Тимот на Мерцедес АМГ и Хамилтон не ни требаше да бидат информирани! Со оглед на тоа цврсто сме убедени дека Луис Хамилтон не сакаше да го престигне таму, бидејќи веднаш потоа Холанѓанецот можеше да користи ДРС, што значи дека и тој не е цвеќе за мирисање, туку подмолен карактер, кој знае дека никогаш, ама баш НИКОГАШ нема да биде нападнат од мејнстрим медиумите, кои се движечка сила на Ф1 Шампионатот!
Единствената грешка која што Макс не требаше да си ја дозволи беше што притисна на сопирачките пред КУКАВИЦАТА залепен зад себе, кој имаше 0.8 секунди побрз болид со оштетено предно крило и не сакаше да престигнува пред ДРС-зоната!
На крај тоа беше капката што ја прели чашата за следните казни од +5 за време на трката и +10 секунди по нејзиното завршување, според како што имаат навика да кажат СТЈУАРДИТЕ и го прогласат за ПРЕТЕЖЕН (predominantly) виновник.
Која бесмислица од образложување, се признава дека двајцата се виновни, но едниот возач е претежен виновник и добива казна! 100% сме убедени дека, доколку разликата до Ботас не беше толку голема, немаше да има никаква казна за добро на шампионатот. Доста веќе со тоа, треба да се знае дали некој е виновен или не. Тоа треба да биде едноставна одлука, се помеѓу може да помине во тркачки инциденти.
На крај неколку збора за "опасната" според многумина патека во Џеда. Формула 1 треба да разбере дека денешните возачи се мамини мази и повеќето од нив не сакаат да се тркаат кога е премногу опасно, па со кој памет дозволија трка на "ТОЛКУ" опасна патека?!?
Но, целосно се виновни што дозволија трка на патека која не беше целосно инфраструктурно подготвена, а замената на една обична бариера траеше со "векови" и придонесе за црвени знамиња, кога Мајкл Меси, директорот на трката, беше доведен во ситуација буквално да се "ПАЗАРИ" со тимовите.
По трката беше објаснето дека имало недоразбирање во комуникацискиот систем, тоа било правилно пазарење кое во никој случај не требало да биде емитувано во етер за време на трката. Сето ова предизвикува премногу контрадикторни реакции.
За вистинки крај, околу тркачкиот стил на Макс Ферстапен, кој во една трка е дозволен, во друга не. Досега не беше разгледуван на високо ниво, затоа што никогаш не бил во толку значајна ситуација да се бори за Титулата.
Борбата со далеку помоќниот болид на Мерцедес АМГ и Луис Хамилтон моментално му дозволува поголем ризик во дуелите со оглед на фактот што Британецот не може да си дозволи инцидентот со ризик предвремен крај на трката. Овој пристап ќе остане на сила и во последната трка, бидејќи е единствениот начин на кој може да се спротиставите на посилниот од себе.
Макс е лукав, моментално најдобар возач во шампионатот, и неговите смели маневри на претекнување ја држат гледаноста на високо ниво, но кои се тешки за толкување од стјуардите, дали е се чисто, или е прекршување на правилата.
Ваквите моменти, почнувајќи од борбата во 4-от свиок во Бразил, кој беше правилен, и рестартот на неделната трка кој беше карактеризиран како неправилен, предизвикуваат контроверзии и конфузија кај фановите.
Но, тука во игра влегуваат и споменатите мејнстрим медиуми кои неговите возачки способности ги ставаат во втор план, а имаат тенденција да го престават како возач кој не знае да се бори чесно. Имавме повеќе мемиња на социјалните мрежи дека Макс Ферстапен добил казна што не е Британец. Тоа и не е толку далеку од вистината.
На крај, да го прикажеме расположението на нашите Ф1 фанови, кои на прашањето: Кој стил на возење го преферирате со 71% го подржаа тоа на Макс Ферстапен, и само 29% тоа на Луис Хамилтон.
Ф1 ПРАВИЛА - ОБЈЕКТИВНОСТ СПОРЕД КОЈА СТРАНА?!?
12/07/2021 07:20:00 PM
0
Share to other apps
