Тимот со база во Фаенца, Италија, во соработка со премиум модниот бренд на Ред Бул - АлфаТаури, го презентираше новиот АТ03 преку уникатно видео создадено со комбинирање на 3D CGI рендерирање со вистински снимки од модна ревија на која беше прикажана 2022 колекцијата пролет/лето, истакнувајќи ја фузијата на технологија, иновации и стил, кои ги обврзуваат двете компании заедно.
Вистинскиот AT03 ќе го има својот прв официјален настап на патеката Каталуња, веќе следната недела, но во меѓувреме иновативното видео ја раскажува приказната за синергиите помеѓу модата и мотоспортот преку три главни столбови.
АT03 има нови освежени бои, секако доминираат сина и бела, кои се микс од АТ01/02, но се уште мислиме дека дефинитивно најдобро решение беше првото на АТ01. За тимот континуитетот е сеуште клучен за време на оваа нова ера на Фоемула 1, па затоа тимот го задржа истото возачко дуо, Пјер Гасли и Јуки Цунода, за претстојната сезона.
Пјер Гасли, #10: "Оваа година гледаме огромна промена на болидот, бидејќи, поради новите регулативи, изгледот и дизајнот е сосема поинаков, така што тимот мораше да започне од нула."
"Ние нема да ги знаеме вистинските перформанси на AT03 додека не го извадиме на вистинскaтa патека на тест сесијата во Барселона, но досега, мислам дека изгледа одлично и многу сум возбуден што ја започнувам оваа нова сезона!"
Јуки Цунода, #20: "Изгледа одлично. Се разбира дека се уште го немаме видено новиот болид во акција на асфалтот, но новата форма и дизајнот се навистина кул, и мислам дека боите се добро вклопени и се надевам дека секој ќе ужива во видеото од презентацијата."
Франц Тост, тимски шеф: "Јас сум возбуден што конечно го покажавме изгледот на нашиот 2022 Ф1 болид. Ова е сосема нова ера за Ф1 и се надеваме дека овој пакет ќе биде многу силен, следејќи го минатогодишниот успех. Уште еднаш, тесно работевме со Алфатаури за да го презентираме нашиот нов болид и мислам дека успеавме да доставиме нешто посебно."
Ахмет Меркан, извршен директор на Алфатаури: "Оваа сезона ние сме возбудени за нови почетоци и истражувавме многу интересни можности за додавање на стилски аспекти на Ф1. За Скудерија АлфаТаури, тоа е нова ера во Формула 1, а за АлфаТаури е нова стилска ера."
АЛФАТАУРИ АТ03 - СТИЛ НА НОВАТА ЕРА
2/14/2022 02:50:00 PM
0
Share to other apps