За помалку од две седмици новите 2022 болиди ќе бидат на патеката Каталуња во Барселона. Во тек се презентациите кои имаат задача да ја поттикнат љубопитноста на ентузијастите и се вовед во новата сезона. Веќе видовме четири болиди, остануваат уште шест.
Во овој период од годината, врз основа на податоците од 2021, достапните информации за "пазарот" на тимовите, гласините на кои сте одлучиле да верувате или не, можеби дури и земајќи ги предвид вашите лични симпатии, дали може да се обидете да составите ранг листа, тим по тим, за 2022 година.
Како помош ви го презентираме мислењето на Лео Турини, познатиот италијански новинар со инсајдерски, но и прилично точни информации, барем така беше во ерата на старите волци на тимот.
Во денешно време неговата генерација на познаници веќе не се во тимот, но сепак неговото мислење е ценето од многумина, а тој вели дека Ферари нема шанси за првите две места!
"Најголем фаворит е Ред Бул. Освен во финалните трки од претходната сезона, во останaтиот дел се покажаа добро и конкурентно. Хонда, иако маскирано, останува.
А Њуи е гениј."
"Заглавен позади, Мерцедес АМГ. Знам дека Хамилтон ја сака главата на Мајкл Маси, но важно е да му помине разочараноста и лутината.
Се сомневам дека шампионскиот тим може да погреши со лош проект. Меѓу другото, тие веќе кажаа дека перформансите од 2022 година се веќе, во симулаторот, на нивоата од 2021 година."
"Ферари. Знам дека се убедени дека ја надоместиле преостанатата разлика до водечките производители на погонски единици, дури и со био горивото. Но, постојат прикриени сомнежи за "иновативните" решенија усвоени за аеродинамиката. Се разбира дека ако на првата трка останат половина секунда зад Ред Бул и Мерцедес АМГ, ќе биде за некого збогум."
"Очекувам многу од Астон Мартин, кој минатата сезона ги ограничи своите инвестиции со цел вложување во новите правила, дури и со грабање техничари со робусна биографија. Мекларен е на истата линија, падот по Монца беше последица на многу специфични избори на компанијата."
"Алфа Таури многу зависи од остатоците од присуството на Хонда, но тесната врска со Ред Бул може да овозможи и подобрување. Алпин, Рено. Гледам дека Алонсо продолжува да го влече Пет Фрај со себе, не баш примерен во годините на Роси."
"Алфа Ромео има се помала врска со Ферари, кој пак продолжува да наклонува кон тимот на Хас и се надеваме дека тоа е добро за Шуми 2. На крај тимот на Вилијамс, се надевам дека тимот ќе престане да живее на мината слава, иако Латифи го реши минатогодишниот шампионат."
По тимовите следуваат дуелите на тимските колеги. Изразено низ фудбалско типување со користење на еден трознак и три двознаци.
"Хамилтон - Расел 12. Играм двознак и малку се двоумам. Во смисла дека Луис исчезна по големиот потсмев во Абу Даби. Какви мотивации ќе има? Ако го надмина шокот, несомнено останува одличен. Во спротивно, младоста и решителноста на Расел може да дојде до израз. Што е добро. И тој е гладен за победи."
"Алонсо - Окон 1. Очекувам многу од Фернандо. Очигледно не знам каков болид ќе направи Алпин, но штом ќе се отстранат последните зарѓани делови, Шпанецот ќе биде пред својот тимски колега."
"Латифи - Албон 2. Враќањето на Азиецот е добра работа. Тој не стоеше во место, иако Перез беше непроценлив за каузата на Ред Бул. Што се однесува до Латифи, сепак, тој е веќе во историјата, од добро познатата причина."
"Норис - Рикиардо 12. Го сметам Ландо за многу силен. Веќе покажа величествени работи. Но, Даниел победи во Монца и не можеше да ги загуби квалитетите што го направија повеќе од веродостоен покрај Ферстапен. Љубопитен сум да видам како ќе вози по адаптационата година во Мекларен."
"Ботас - Џоу 1. Па, јас ќе бидам на страната на Кинезите, за да се забавувам малку, но би бил изненаден ако финскиот батлер биде победен од дебитант. Вистината е дека преминувањето од ракета во количка може да доведе до неочекувани и непредвидливи психолошки последици, но накратко, за се има граница."
"Шумахер - Мазепин 1. За лимитот. Хас можеби ќе престане да биде на дното, но Мик апсолутно не може да остане во чекор со тимскиот колега. Тоа е прашање на достоинство, дури и повеќе отколку на перспективи."
"Ферстапен - Перез 1. Не би бил изненаден ако Мексиканецот добие малку повеќе задоволство. Но, Макс е од друга планета."
"Ветел - Строл 12. Династичките барања стапуваат во игра овде. Астон Мартин е, како и многу болиди, прашалник обвиткан во енигма."
"Гасли - Цунода 1. Според мене е еден од најинтересните парови. Јапонците се полулуди, но добри возачи. Но, Пјер е побрз отколку што мислиме. Интересен дуел."
"Леклер - Саинц Јр. 1 Х 2. Играм трознак. Објаснување. Јас сум голем фан на Карлито, кој нема да има корист од минатогодишните црвени меланхолии. Парадоксално, на Карлито не му сметаа слабостите на Ферари, бидејќи немаше со што да ги спореди. Но, продолжувам да го сметам принцот од Монако за супериорен, но тој ќе мора да се докажува во квалификациите и во трката."
ПРОГНОЗИРАЈТЕ ГО 2022 ПОРЕДОКОТ
2/12/2022 09:43:00 PM
0
Share to other apps