Како и пред една година, презентацијата на новиот болид на Мекларен се одржа во вечерните часови, 20:00 часот, за американските партнери и фанови на тимот да може да следат што се случува.
Во претходните две сезони, шасијата беше именувана MCL35, минатата година со додадена буква М, која ја симболизираше транзицијата кон погонските единици на Мерцедес.
За новата сезона индексот се промени, MCL36 e сосема поинаков болид, изграден според револуционерните прописи за 2022 година, со што тимот очекува сериозен напредок во претстојната сезона.
MCL36 традиционално беше претставен во Вокинг со помош на британските новинари на Скај Ф1, популарната водителка Натали Пинкам и поранешниот Формула 1 возач Карун Чандок, опкружени со фанови во портокалови маски.
Презентацијата започна со воведување на автомобили и возачи од алтернативни серии, Extreme E, Индикар и виртуелни трки. Сето тоа траеше 25 минути пред главните ликови да излезат на сцената, Ландо Норис, кој неодамна го продолжи договорот до 2025 година, и Даниел Рикиардо, но не беа тие што ја извадија покривката од новиот болид.
Истовремено беа прикажани 2022 боите за 4-те Мекларен тима. Боите кои за првпат се појавија во 1960-тите со основачот на тимот Брус Мекларен се задржани и за 2022 сезоната, а омилената Папаја боја продолжува да доминира.
По екстремно позиитвниот фидбек од специјалните бои на Мекларен на минатогодишната трка во Монако, во Мекларен се решија 2022 боите да ги засноваат на тој дизајн, но...
Џејмс Ки, технички директор: "Новата ера која започнува со промена на техничките прописи е секогаш возбудлив момент. Заедно со него, постои можност целосно да се преиспита концептот на болидот, а тековните реформи не се исклучок."
"Почнувајќи со чист лист хартија, тимот работеше напорно за да ги изгради темелите за конкурентни перформанси. Јасно е дека само што почнуваме да сфаќаме како да постигнеме ефикасност според новите регулативи, а еден од белезите на 2022 сезоната ќе биде интензивната трка за надградби, бидејќи тимовите ќе ги анализираат техничките решенија на ривалите и ќе наоѓаат нови пристапи за зголемување на потисната сила."
"Помина долго време откако ground ефектот играше важна улога во Формула 1, но благодарение на новите технички прописи, тој има потенцијал да доведе до поблиска борба на патеката и може да обезбеди зголемување на забавата."
"Нашиот тим работеше деноноќно за да го дизајнира новиот болид, да ги произведе сите компоненти и да го состави. Згора на тоа, морав да работам во тешки услови, бидејќи светот се уште се бори со пандемијата. Исклучително сум горд и задоволен од тоа како нашиот тим го надмина овој предизвик."
"Сега треба да ги тестираме плодовите од оваа работа на тркачките патеки и да почнеме да се натпреваруваме со другите тимови во однос на темпото на развој."
Ландо Норис, #14: "Ми се чини дека помина долго време откако последен пат бевме на патеката во Абу Даби. Со нетрпение очекувам да се вратам зад воланот и сакам навистина да покажам за што е способен MCL36."
"Минатата сезона беше најуспешна во мојата Формула 1 кариера, горд сум на моите достигнувања и на резултатите на тимот. Но, знам дека најдоброто допрва доаѓа и мојата цел е да го продолжам позитивниот тренд надоградувајќи го минатогодишниот успех во таква возбудлива нова ера."
"Ја започнувам оваа сезона со добри позиции, имам добри шанси да се надоврзам на минатогодишниот успех. Пораснав во Мекларен и многу сум среќен што неодамна објавивме продолжување на мојот договор. Љубопитен сум што ќе постигнеме заедно, ќе работам напорно за да ја искористам максимално секоја шанса."
Даниел Рикиардо, #3: "Пред почетокот на новата сезона, секогаш постои нервозна возбуда, но кога новите прописи ќе стапат на сила, овој ентузијазам го достигнува својот максимум. Во мојот живот правилата се менуваа неколку пати, оваа енергија ми помага да се прилагодам на новите болиди, новиот стил на возење и на крајот на нов начин на тркање."
"Новата генерација на болиди е многу поразлична од претходните што ги возев, но се надевам дека ќе добиеме повеќе можности да се бориме за позиции во врвот на табелите. Одлично е да се започне втората сезона во Мекларен, изминатата година научивме многу со тимот, а тоа ќе ни помогне сега, кога ќе преземеме нов предизвик."
"Минатогодишната победа во Монца беше еден од најважните моменти во мојата кариера, но сега тоа е минато и ќе дадам се од себе да направам уште такви моменти за тимот оваа сезона."
МЕКЛАРЕН MCL36 - НОВИ ПРЕИДЗВИЦИ, ИСТАТА РЕШИТЕЛНОСТ
2/11/2022 11:33:00 PM
0
Share to other apps