Во 2022 година презентацијата на новиот болид на Вилијамс се одржа две недели порано од пред една година. Овој пат немаше експерименти со виртуелна реалност што не успеаја во 2021 година. Но, првично беа претставени само новите бои, но не и вистинскиот 2022 болид.
Тимот на својата веб-страница покажа кратко видео со презентација на болидот, кој го наследи традиционалното именување од иницијалите на Френк Вилијамс, т.е. FW44 и нова шема на бои. Дизајнот, со контрастна форма на дијамант доминантна сина боја и блесоци на црвена, ја отелотворува возбудливата нова ера на брендот Вилијамс, додека сè уште го задржува класичниот тимски дух.
Иако ги носи неговите иницијали FW44 е првиот болид што легендарниот тим го произведе, а кој Френк Вилијамс не можеше да го види. Под негово раководство беа забележани 114 Победи, 7 шампионски титули кај возачите и 9 кај конструктори. Тој никогаш нема да биде заборавен како еден од најголемите тимски шефови во Ф1.
Тимот на Вилијамс, секогаш го имаше логото на Аиртон Сена на својот болид, но од оваа сезона тоа нема да биде така. Наместо тоа споменот на еден од најголемите возачи во Ф1 ќе се зачува со посветен простор во неговиот музеј
Времињата се менуваат, но една работа останува иста во Формула 1, а тоа е дека ако сакате успех нема место за сентименталности. Френк и Аиртон и двајцата би го разбрале тоа.
Беа објавени компјутерски рендерирани фотографии на она што требаше да биде FW44 од различни агли, а пред возачите и раководството имаше пластичен модел без детали типични за 2022 болидите.
Џос Капито, тимскиот шеф отворено го призна ова: "Работевме напорно на обојувањето, сакавме да изгледа совршено, а тоа можевме да го направиме само на моделот, бидејќи немавме доволно време. Вистинскиот болид штотуку се подготвува и треба да се тестира денес на Силверстоун."
И навистина тоа беше случај, Новиот FW44 имаше деби на патеката Силверстоун, но со задоцнување, поради проблеми со електричната енергија. Следната недела ќе го видиме болидот во целосни детали на претсезонските тест сесии. Со FW44, тимот со нетрпение очекува да го направи следниот чекор напред.
Николас Латифи, #6: "Ми се допаѓаат новите бои. Задржувањето на синото беше важно бидејќи е синоним за Вилијамс Рејсинг, но тоа е шема што не сме ја виделе досега и флуоресцентното црвено ќе се појави на патеките што навистина ми се допаѓа. Тоа е нов нов изглед за почеток на новата ера на Ф1."
"Многу сум возбуден за тестирањето во Барселона, да се вратам зад воланот, и да видам што може да направи болидот. Зимската пауза можеби изгледа како доста долг период, но кога има многу напорна работа таа брзо поминува."
"Новите регулативи треба да овозможат многу подобри трки, така што јас сум возбуден за предизвикот и ќе се стремиме да собереме добри податоци од тестирањето, кои ќе не однесат во првите неколку трки."
Алекс Албон, #23: "Живописното обојување на FW44 е чисто и едноставно. Ми се допаѓа што гледаме повеќе сина боја со динамичен дијамантски финиш и малку црвено. Болидот изгледа навистина добро и со нетрпение очекувам да го видам на вистинската патека."
"Претстојната сесија на патеката во Барселона ќе биде за да се осигураме дека сме ефикасни во нашата работа и дека имаме конкурентен пакет за новата сезона. Немаме многу време пред нашата прва трка и затоа брзо треба да разбереме кои области на болидот се силни, а каде треба да направиме подобрувања."
"Сите, па и ние како тим се обидуваме да научиме како да го извлечеме максимумот од новите регулативи, но целите и начинот на кој се фокусираме на овој болид е многу сличен како и претходните години."
ВИЛИЈАМС FW44 - ТРАНЗИЦИЈА КОН ИДНИНАТА
2/15/2022 08:34:00 PM
0
Share to other apps