Денес, тимот на Алфа Ромео на патеката Фиорано имаше системски проверки на новиот 2022 болид, кој ја носи ознаката C42.
C42, во специјално маскирно обојување, за првпат излезе на патеката нешто по 11 часот. Во изразито зимско време, со дожд кој паѓаше на патеката, Валтери Ботас го заврши првото излегување на болидот пред очите на Фредерик Васер, тимскиот шеф, Техничкиот директор, Јан Моншо и тимскиот колега Гуанју Џоу.
Со комплетирани прелиминарни проверки, тимот сега ќе се подготвува за првата тест сесија за 2022 сезоната, која ќе се одржи на патеката Каталуња, Барселона од 23-25 февруари, пред официјалното претставување на тимот, закажано за 27 февруари.
ВАЛТЕРИ БОТАС ВО АКЦИЈА СО C42
2/15/2022 06:58:00 PM
0
Share to other apps