Серџо Перез го забележа најбрзото време на квалификациите за Големата Награда на Саудиска Арабија, со тоа забележувајќи за својата деби Пол позиција во кариерата, која до денес брои 215 трки. До него во првиот ред ќе стартува Чарлс Леклер, додека Карлос Саинц Јр. и Макс Ферстапен од вториот.
Во петокот вечерта никој не разговараше за резултатите од тренинг сесиите, туку целиот падок зборуваше само за ракетниот напад од Јемен врз складиштето за нафта на Арамко, официјален партнер на Формула 1, лоцирано релативно блиску до патеката.
Тимовите бараа безбедносни гаранции, кои што беа обезбедени од властите, но подоцна возачите беа во 4 часовна дискусија дали да се тркаат во такви услови. На крај се согласија дека викендот ќе продолжи по план, но ќе има дополнителни дискусии во текот на сезоната, околу трката во Џеда.
Во Астон Мартин, Нико Хулкенберг повторно го замени Себастијан Ветел, кој остана во Европа со сè уште позитивен резултат на тестот за коронавирус, а тимот очекува тој да се опорави до следната трка во Мелбурн, Австралија.
Квалификациите во Џеда не се од фундаментално значење, може да се претекнува на патеката, но добрата стартна позиција обезбедува предност и ја намалува веројатноста за инциденти, кои ги имаше многу на трките од пониските серии.
Во Q1 сесијата, Луис Хамилтон и Џорџ Расел ги избраа жолтите гуми за првиот брз круг, додека сите останати возачи на асфалтот излегоа на црвените гуми на Пирели. Многумина од нив беа во брз круг кога Николас Латифи изгуби контрола во 13-от свиок и со болидот заврши во заштитните барери покрај патеката.
Сесијата беше стопирана за отсранување на болидот на Вилијамс. Сензорот на ФИА забележал опасно преоптоварување, па Канаѓанецот беше испратен на преглед во медицинскиот центар, но набрзо беше пуштен.
По паузата, возачите повторно излегоа на патеката, но набрзо по тимското радиоа Јуки Цунода беше повикан да се врати во својата гаража поради проблеми со течноста за ладење. Со тоа, за Јапонецот сесијата беше завршена.
Во првиот обид Карлос Саинц Јр. го забележа набрзото време, пред Чарлс Леклер, неговиот тимски колега, и Макс Ферстапен со трето најбрзо време. При вторите брзи круга Холанѓанецот се подобри завршувајќи пред Леклер, но не можеше да го надмине времето на Саинц Јр.
Луис Хамилтон беше вистинска енигма, и покрај тоа што неговиот болид немаше некои очигледни недостатови, тој и по неколку обиди за напредок во Q2 сесијата не успеа во својата намера. Ова за него е прв пат по 2017 Бразил ГП-то да не се пласира во втората квалификациска сесија.
Заедно со него од понатамошната борба испаднаа Алекс Албон, Нико Хулкенберг, Николас Латифи и Јуки Цунода. Сите што испаднаа, освен расипаниот болид на АлфаТаури беа болиди прдвижувани од Мерцедес ПЕ.
Луис Хамилтон: "Имав проблеми со балансот на болидот, не е како што посакував. Вчерашните настани не влијаеја на мојата концентрација за овие квалификации. Сите ние сме професионалци и се фокусираме на она што е потребно. За жал, отидовме во погрешна насока кога работевме со поставките. Можеби ќе промениме се и ќе стартувам од пит-линијата."
Во Q2, Расел повторно ги избра жолтите гуми за својот прв брз круг, а сите останати се обидоа на црвените. Најбрз по првите брзи круга беше Чарлс Леклер, Перез загуби само четири стотинки, Ферстапен шест. Даниел Рикиардо имаше попречување на Естабен Окон, па по квалификациите треба да се јави кај стјуардите.
На околу седум минути до крајот на Q2 сесијата, Мик Шумахер изгуби контрола над својот болидот поминувајќи над рабниците при неговиот брз круг, по што следуваше силен удар во заштитните бариери покрај 10-от свиок, и конечно запре кај 12-от свиок.
Неговиот болид е има голема штета, тешко е да се процени дали таа е целосна и дали ќе има потреба од целосна замена на шасијата. Лекарскиот тим многу брзо пристигна на местото на инцидентот, а по неколку минутно чекање се дозна дека Мик бил свесен, разговарал со лекарите, по што беше пренесен во медицинскиот центар на патеката.
Младиот Германец е без физички поверди, но останува да почекаме за повеќе информации и дали ќе биде во можност да настапи на утрешната трка.
Квалификациите беа стопирани и продолжија речиси еден час по инцидентот. Во вториот брз круг Карлос Саинц Јр. забележа побрзо време од својот тимски колега. Ландо Норис, Даниел Рикиардо, Гуанју Џоу, Мик Шумахер и Ленс Строл не се пласираа во финалниот сегмент.
Во Q3 борбата се одвиваше на црвените гуми. При првите брзи круга најбрз беше Карлос Саинц Јр., а Ферстапен беше само шести, поради недостаток на грип во почетниот дел од кругот.
При вторите обиди најбрзо возеше Серџо Перез, 25 илјадитинки пред Чарлс Леклер. Кругот на Мексиканецот беше толку извонреден што нити тој самиот не веруваше дека се пласира на првата позиција за утрешната трка. Како што рече, болидот беше подесен за тркачко темпо.
ПРВА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ЗА СЕРЏО ПЕРЕЗ
3/26/2022 08:08:00 PM
0
Share to other apps