Непосредно по неговата прва победа во Монако, Ред Бул објави дека Серџо Перез потпишал нов двегодишен договор. Откако му се приклучи на тимот на крајот на 2020 година, Чеко ја уживаше својата најуспешна сезона во Формула 1 со 190 поени и четврто место во Шампионатот за возачи, сезона која вклучуваше победа на Големата Награда на Азербејџан и четири други пласмани на подиумот.
Веќе оваа година, 32-годишниот мексиканец, кој моментално се наоѓа на третото место во шампионатот за возачи, е на пат да го надмине тоа достигнување. Со само седум завршени трки од сезоната, Чеко собра 110 поени и четири пласмани на подиумот, вклучително и првата негова Пол позиција за Големата Награда на Саудиска Арабија и значајната победа во Монако, која го направи најуспешниот Мексиканец во историјата на Ф1.
Кристијан Хорнер , тимски шеф: "Откако се приклучи на Ред Бул, Серxо заврши фантастична работа. Се покажа дека е одличен тимски играч и кога се чувствуваше удобно во нашиот болид, ја покажуваше својата вистинска сила со која треба да се победат противниците."
"Оваа година тој направи уште еден чекор со значително намалување на разликата во однос на шампионот Макс Ферстапен, а доказ за тоа е неговата Пол позиција во Џеда и победата во Монако."
"Во таква ситуација, договорот остана обична формалност, ние сакавме да ја задржиме неговата брзина, умешност и искуство. Заедно со Макс, тие ќе бидат возачко дуо што може да ни ги донесе најголемите победи во Формула 1."
Серхио Перез : "Неверојатна недела. Победата на Големата Награда на Монако е сон на секој возач, а најавата дека ќе продолжам да возам за Ред Бул до 2024 година ме направи целосно среќен."
"Горд сум што сум член на овој тим, во кој се чувствувам како дома. Работиме одлично, имам добар однос со Макс, и на патеката и надвор од неа, што ни помага да одиме напред. Направивме голем напредок и многу ме интересира каде тоа може да не однесе сите во иднина."
СЕРЏО ПЕРЕЗ ОСТАНУВА ВО РЕД БУЛ ДО 2024 ГОДИНА
6/03/2022 12:03:00 AM
0
Share to other apps