Соработката меѓу Ферари и Хас постојано покренува прашања кај ривалите. Сите компоненти кои регулативата дозволува да се купат од други тимови, Хас ги добива од Ферари.
Дизајнерскиот оддел на тимот е со седиште во Маранело и е екипиран од поранешни вработени во Ферари кои го користат воздушниот тунел на Италијанците.
На почетокот на сезоната, како одговор на сомнежите дека нивната соработка ги надминува границите дозволени со прописите, лидерот на тимот Гинтер Штајнер ги покани сите оние кои сакаат да ја посетат базата на тимот и да проверат сè. Во Унгарија овие разговори се обновија.
За трката во Унгарија, тимот на Хас ја подготви првата и единствена поголема надградба на својот болид за оваа година. Нови странични отвори за воздух, под, елементите на каросеријата, различен распоред на задната амортизација и каналите за ладење на сопирачките на задните тркала, кои се многу слични на решенијата што ги користи Ферари во дизајнот на F1-75.
Денес, надградениот VF22, во Ф1 падокот, беше наречен "Бело Ферари". Кевин Магнусен ќе го тестира утре, Шуми Јр. ќе го добие по летната пауза. Тимот се надева дека ќе добие околу две десетинки на сметка на новите делови.
Доколку Американскиот тим навистина се подобри и наметне поголема борба кон своите ривали од средната на табелата, не ќе треба многу да чекаме на официјални протести од нивна страна.
БЕЛО ФЕРАРИ СЕ ПОЈАВИ НА ХУНГАРОРИНГ
7/28/2022 07:33:00 PM
0
Share to other apps