Ред Бул и Хонда објавија дека програмата за техничка поддршка која помогна да се донесе Ред Бул на врвот на табелите во Формула 1, ќе биде продолжена од 2023 година до крајот на 2025 година.
Како и досега Хонда Рејсинг Корпорејшн (HRC), подружницата на Хонда одговорна за тркачките активности, ќе ја продолжи успешната соработка со Red Bull Powertrains (RBPT).
По официјалното повлекување на Хонда од Формула 1 на крајот на 2021 година, Хонда се согласи да обезбеди техничка помош за тековните ПЕ што ги придвижуваат болидите на Ред Бул и АлфаТаури.
Соработката резултираше со уште една победничка кампања, при што Ред Бул е во водство во генералниот пласман на возачи и конструктори.
Првичниот технички договор, кој предвидуваше поддршка до крајот на 2023 година, како резултат на континуираниот успех на партнерството се продолжува до крајот на 2025 година, кога следува нова ера во Ф1 погонските единици.
Д-р Хелмут Марко, советник за моторспорт на Ред Бул: "Благодарни сме на Хонда за нивниот позитивен одговор за соработка. Воодушевени сме што ќе продолжиме со нашето партнерство во Ф1 до крајот на 2025 година со ПЕ испорачани од Хонда."
"Досега имавме успешна соработка, освојувајќи го шампионатот за возачи во 2021 година и моментално водиме во класификациите за возачи и тимови, со јасна цел да ги обезбедиме двете титули во 2022 година."
Кристијан Хорнер, извршен директор на Red Bull Powertrains и тимски шеф: "Партнерството на Ред Бул со Хонда беше неверојатно успешно и задоволни сме што тоа ќе продолжи до крајот на тековната ера на погонските единици."
Коџи Ватанабе, Претседател на HRC: "Се договоривме да продолжиме да ги поддржуваме Red Bull Power Trains во Формула 1 преку HRC, по барањето на Ред Бул да продолжи нашиот сегашен договор. HRC може да ги исполни обврските во рамките на своите постоечки ресурси. Уште еднаш, имаме за цел да го искористиме нашето вклучување во врвот на мотоспортот за развој на технологии и нашиот персонал."
* Сите коментари се прегледуваат пред да се објават.