Астон Мартин денес ги изненади сите со објавата дека Фернандо Алонсо ќе биде нивни член од 2023 година. Шпанецот ќе биде замената на Себастијан Ветел, кој ќе се повлече од Формула 1 на крајот од сезоната.
Кога сите очекуваа мирен период без активности, тоа траеше неколку часа. Астон Мартин утринава предизвика земјотрес во медиумите со изненадната најава дека замената на Себ ќе биде Фернандо Алонсо.
Иако Мик изгледаше како логичен наследник на неговиот голем пријател Себастијан, а Алонсо изгледаше дека е на пат да го обнови договорот со Алпин, но во Формула 1 работите може да се променат во секунда.
Лоренс Строл го убеди Фернандо дека нивниот тим е подобра опција, претставувајќи му ги неколкумесечните агресивни инвестиции за изградба на победнички тим.
"Го познавам и му се восхитував на Фернандо долги години и отсекогаш беше јасно дека тој е посветен победник како мене. Подготвив се за да го донесам најдоброто и да ги развијам вистинските ресурси и организација за да бидам успешен во овој високо конкурентен спорт и тие плановите сега се развиваат во Силверстоун."
"Се чинеше природно да го поканиме Фернандо да биде дел од развојот на победничкиот тим и брзо беше јасно во нашите неодамнешни разговори дека имаме исти амбиции и вредности. Беше логично и лесно да ја потврдиме нашата желба да работиме заедно."
Фернандо Алонсо ја истакнува својата амбиција повторно да победува и верува дека тоа може да го направи тоа со Астон Мартин.
"Овој тим очигледно е еден од најпосветените тимови и целата енергија ја насочува кон победи. Ги познавам Лоренс и Ленс и знам дека тие имаат амбиција и страст да успеат во Формула 1."
"Тимот привлече одлични луѓе со победничко педигре и бев свесен за огромната посветеност што ја имаат кон новиот проект и нивните ресурси во Силверстоун. Денес, никој не покажува поголема визија и толку апсолутна посветеност кон победите и затоа ова за мене претставува возбудлива можност."
"Сè уште чувствувам глад и амбиција да се борам за врвот на табелите и сакам да бидам дел од организација која е посветена на учење, развој и успех. Сите знаеме дека има многу работа и дека мора да ја примениме целата наша енергија за да работиме заедно за да најдеме перформанси."
"Благодарен сум за довербата што ми беше дадена во оваа повеќегодишна авантура. Имам намера повторно да победувам во овој спорт, па морам да ги прифатам можностите за кои сметам дека се вистинските. Дотогаш имам уште возбудливи предизвици со кои треба да се соочам во тимот на Алпин."
"На сите ви посакувам добар летен одмор и ќе се вратиме со целосно наполнети батерии."
На презентацијата на AMR22, Лоренс Строл го објави својот петгодишен план за да се стигне до победа во Формула 1, првата година засега е далеку од посакуваното ниво, но во позадина има големи инвестиции.
Канадскиот милијардер започна со проширување на фабриката во Силверстоун и вработи група на инженери предводени од поранешниот шеф на аеродинамиката на Ред Бул, Ден Фалоус.
Интересно, оваа објава доаѓа по Унгарското Гран При во кое Алонсо имаше повеќе од еден контакт на патеката со неговиот тимски колега, Естебан Окон.
Шпанецот беше принуден да попушти во повеќе наврати на стартот, а атмосферата во тимот на Алпин не изгледа баш најдобра. Фернандо Алонсо има уште девет трки со нив.
Познато е дека Шпанецот не е во најдобри односи со Отмар Шафнауер, тимскиот шеф на Алпин, и нивната комуникација во тимот е минимална. Па, со пензионирањето на Ветел, ова беше логичен след на настаните.
Алпин на објавата за договорот на Шпанецот со Астон Мартин одговори со објава на социјалните мрежи:
"На Фернандо му посакуваме се најдобро за неговата иднина во Формула 1. Фернандо отсекогаш бил и ќе биде дел од семејството на Рено и Алпин, горди сме што споделивме многу незаборавни моменти со него на патеката."
"Сакаме да го завршиме остатокот од 2022 сезоната со Фернандо облечен во сино и ќе дадеме се од себе до последниот круг во Абу Даби во ноември. Тимот наскоро ќе го објави возачкиот тандем за следната година."
БОМБА ОД АСТОН МАРТИН: АЛОНСО Е ЗАМЕНАТА НА СЕБАСТИЈАН ВЕТЕЛ
8/01/2022 11:48:00 AM
0
Share to other apps