Макс Ферстапен забележа спектакуларна победа на трката за Големата Награда на Унгарија. И покрај тоа што стартуваше од десеттата позиција, холандскиот возач направи одличен кам-бек за да ја забележи својата 28 Победа во Формула 1.
Ферари го имаше на дофат, но стратегијата по кој знае кој пат е болна точка, дополнето со немање брзина во одлучувачките моменти. Тоа го искористија Луис Хамилтон и Џорџ Расел за двоен пламсн на победничкиот подиум за Мерцедес АМГ.
Трката започна во комплицирани услови и со различни стратегии на гридот. Џорџ Расел ги контролираше воведните кругови со црвените гуми, но Чарлс Леклер беше стрплив, и кога најмеката смеша почна да откажува го успеа да го престигне Британецот и го презеде водството на трката.
Во тој момент, Ферари како да ја имаше победата во свои раце. Како и да е, Макс Ферстапен и Ред Бул играа на стратешка карта, жолти гуми за последниот стинт, што секако беше надополнето со екстра брзата нова ПЕ во нивните болиди.
Тимот на Алпин прв смени на бели гуми, но тие се покажаа како вистинска катастрофа, бидејќи најтврдата смеша на оваа трка не функционираше.
За разлика од Ред Бул, Ферари занемарувајќи го тој факт избрзаа со пит-стоп и го пуштија Чарлс назад на патеката на белите гуми и му дозволија на Макс Ферстапен да го стигне релативно лесно и потоа да го престигне во два наврати.
Вториот пат по негова вина, откако се изврте на патеката и кратко ја изгуби позицијата од Моначанецот. Се потоа беше лесно менаџирање на трката од страна на Макс, забележувајќи победа која драстично ги зголеми неговите шанси за шампионската титула.
Да биде уште полошо за Ферари, денес Мерцедес АМГ беше пред нив и со двоен пласман на подиумот им одзеде значителен број на поени. Карлос Саинц Јр., по две лоши застанувања во боксот, заврши на четвртото место, пред Серџо Перез и Чарлс Леклер.
Што се однесува до средната на поредокот, Ландо Норис беше јасен лидер на седмото место, додека Фернандо Алонсо по комплицираната трка со сообраќајот и контроверзниот прв свиок со Естебан Окон беше осми.
Естебан Окон, откако го издржа налетот на Себастијан Ветел во последните моменти од трката, го обезбеди деветото место.
МАКС СО ЕПСКА ПОБЕДА, ФЕРАРИ НЕМАШЕ ОДГОВОР ЗА БРЗИНАТА НА РЕД БУЛ
7/31/2022 05:50:00 PM
0
Share to other apps