Во пресрет на домашното Јапонско Гран При, Хонда најави зајакнување на соработката со Ред Бул и АлфаТаури. Двата тима ќе продолжат да користат погонски единици изградени заеднички од Red Bull Powertrains и Honda Racing Corporation (HRC).
Почнувајќи од Големата Награда на Јапонија, логоата на Хонда ќе се вратат на болидите на двата споменати тима.
Макс Ферстапен, Серџо Перез, Пјер Гасли и Јуки Цунода ќе учествуваат на годишниот тркачки фестивал HRC THANKS DAY, кој ќе се одржи на 27 ноември.
Покрај тоа, Серџо Перез станува амбасадор на тркачката академија на Хонда, а во ноември ќе им држи предавања на нејзините членови.
За време на тркачкиот викенд во Сингапур, една од главните теми на разговор беше можното прекршување на финансиските прописи од страна на два тима, Ред Бул и Астон Мартин.
ФИА требаше вчера да ги објави резултатите од сметководствената ревизија на Формула 1 тимовите за минатата сезона, но тоа не се случи. Наместо тоа, ФИА објави нов датум за објавување на ревизијата, 10 Октомври 2022 година.
"Анализата на финансиските документи е долг и сложен процес. Сертификатите за усогласеност ќе бидат доставени во понеделник, 10 октомври по завршувањето на овој процес."
Оваа недела на Сузука, Макс Ферстапен може и теоретски да ја обезбеди шампионската титула кај возачите. Во пресрет на викендот, возачот на Ред Бул изјави дека ќе направи се за да постигне таков резултат.
"Конечно се вративме во Јапонија по долга пауза, едвај чекам повторно да возам на Сузука. Ми се допаѓа Јапонија и имам многу убави спомени од неа. Има вкусна кујна и специјални обожаватели, многу љубезни."
"Викендов ќе имам уште една можност да ја освојам титулата, но за да го направам тоа, треба да имаме совршен викенд. Тоа е остварливо, па ќе дадеме се од себе. Сузука е патека од тип на стара школа со многу брзи свиоци. Слушнав дека е можен дожд, што може да ја заостри борбата."
ЛОГОТО НА ХОНДА СЕ ВРАЌА НА БОЛИДИТЕ НА РЕД БУЛ И АЛФАТАУРИ
10/05/2022 10:40:00 PM
0
Share to other apps