Со викендот во Бразил започна последната овогодинешната серија од две последователни трки. Тоа значи дека останува уште една недела до крајот на оваа 2022 сезона, во која ќе добиеме одговори на сите преостанати прашања.
Но, ако за последната двојка оваа битка е од фундаментално значење, тогаш за Мерцедес АМГ и Ферари секое место освен првото нема да биде достигнување, а втората позиција ќе го ограничи времето на работа во воздушниот тунел во однос на третото.
Двата тима би сакале да го извлечат максимумот од ова доволено време во позадината на ограничувањата со кои ќе се соочи Ред Бул за освојување на шампионатот за конструктори и уште 10% за надминување на трошоците од минатата сезона.
Но, Мерцедес АМГ е во потрага на првата сезонска победа, што би им дала ветер во грб за наредната сезона.
Битката за позициите шест до девет меѓу Алфа Ромео, Астон Мартин, Хас и АлфаТаури продолжува, но таа е од случаен карактер, кој тим ќе има повеќе среќа ќе го прослави успехот.
Последните трки се секогаш интересни, само затоа што не сакаме да се разделиме со Формула 1 на повеќе од три зимски месеци.
Од минатата година, трката во Бразил е именувана како Голема Награда на Сао Пауло, како и во Мексико, бидејќи во овие две земји се покажа дека е полесно да се најде финансирање на локално ниво отколку на државно ниво.
Големата Награда на Бразил, поради повеќе причини отсекогаш била на работ на откажување, но Големата Награда на Сао Пауло е доста успешна во финансиска смисла. Бразилската јавност не е помалку емотивна од Мексиканците, но штета е што на повидок се уште нема наследник на легендарниот Аиртон Сена.
Хозе Карлос Паче е една од неколкуте патеки каде се вози спротивно на стрелките од часовникот. Таа се состои од кривулест дел помеѓу свиоците 6 и 12, со три долги правци помеѓу свиоците три и четири, пет и шест, и после 14-от свиок до почетната "S"(Сена) шикана. Воедно, завршетокот на трето споменатиот правец е најидеалното место за претекнување.
Во минатото кога трките кои се возат во спротивна насока биле новост, тие биле тешки за навикнување за возачите. Во модерната ера, тоа повеќе би предизвикало механички проблеми на болидите, како "бегање" на горивото, водата, маслото спротивно од нивните пумпи.
Како и при секој тркачки викенд инженерите треба да најдат добар сет-ап на болидот со компромис на потисната сила која е посакувана низ тесниот и кривулест дел, но, непосакувана на правците, каде што болидот треба да постигне што е можно поголема максимална брзина.
Инженерите на Пирели предвидуваат четири стратешки опции. Првите две, кои се многи блиски, се состојат од две застанувања во бокс за промена на гуми.
Една од нив е да се стартува на црвените гуми, по што би следувале два завршни стинта на жолтите пневматици. Алтернатива е да старт на црвените, потоа стинт на жолтите гуми, а потоа трката да се заврши на најмеките, црвени, гуми.
Температурите и условите на патеката ќе бидат одлучувачки фактор, а трката ќе започне во 15:00 часот по локално време, наспроти спринтот кој започна во 16:30.
За оние кои ќе се обидат со едно застанување во бокс, изборот е да започне трката на жолтите или црвени гуми, пред да се префрлат на белите за подолг завршен стинт.
Овие две опции се исто така многу блиски, но можеби е подобро да се започне на црвените гуми за да се искористи нивната изведба во раните фази на трката.
Како и секогаш во Ф1, деталите се тие што ја прават разликата, а ризикот од сообраќајот и излегување на безбедносните автомобили исто така се фактор на брзата и компактна патека Интерлагос.
Марио Изола, Пирели: "Гледавме спринт преполн со акција, особено со сите претекнувања што се случуваа во текот на целата период. Одличните перформанси на црвените гуми ги поттикнаа тимовите да ја изберат таа смеша за спринтот, при што вкупно 18 болиди беа на нив."
"Битката помеѓу Макс Ферстапен и Џорџ Расел, на различни смеши, беше најинтересна за гледање. Краткиот спринт не дозволи да се проценат перформансите на жолтите гуми, но тие изгледаат многу блиску по перформанси до црвените. Како резултат на тоа, има широк спектар на стратегии за денешната трка, што треба да доведе до одлично шоу."
Болидот на Естебан Окон се запали по крајот на спринтот поради истекување на гориво, а маршалите успеаа навремено да го изнаснат пламенот.
Тимот мораше да ги замени моторот и оштетените делови од шасијата. Замената е со мотор кој веќе е користен, а спецификацијата на деловите е иста како и досега, па нема да следуваат казни.
Алфа Таури промени делови и ги измени поставките на болидот на Јуки Цунода. Јапонецот доби нов под, предно и задно крило. Подот е со иста спецификација, додека крилата беа нови, што ги прекршува правилата на затворениот паркинг.
Покрај тоа, Цунода ги смени поставките на амортизацијата, што исто така е забрането во условите на затворен паркинг. Стјуардите му дозволија да ја стартува трката, но од пит-линијата.
Карлос Саинц Јр. веќе знаеме дека има казна од 5 стартни позиции од петокот за замена на моторот во неговиот болид.
Во петокот квалификациите беа врнежливи, во саботата имавме сува патека, а мала е можноста за врнежи на денот на трката. Температурата на воздухот до стартот на трката ќе се искачи до 29 степени со мала облачност, слаб југозападен ветер и само 10% можност за врнежи.