Формула 1 го официјализираше заминувањето на Шаила-Ан Рао, привремениот генерален секретар за мотоспорт. Со ова, Рао ја напушта ФИА за помалку од шест месеци по преземањето на функцијата во месец јуни, кога го замени Питер Баер.
Искуството на Рао во мотоспортот е многу големо, бидејќи ја извршуваше позицијата главен правник на ФИА од 2016 до 2018 година, потоа беше правник на тимот на Мерцедес АМГ, како и личен советник на Тото Волф.
Во нејзиниот краток период како генерален секретар, таа одигра фундаментална улога во донесување и спроведување на техничката директива за искоренување на вертикалните осцилации на 2022 болидите.
Мохамед бин Сулејем: "Во име на сите во ФИА, би сакал да и се заблагодарам на Шајла-Ан за нејзиниот непроценлив придонес како привремен генерален секретар за моторспорт во текот на еден важен преоден период за нашата организација. Особено Шајла-Ен ми беше голема поддршка во Формула 1, секогаш постапувајќи професионално и со интегритет."
Дали Шајла-Ан успешно ја заврши работата што и беше дадена, и од кого?!?
На нејзина душа и се става не само што ги изнесе од ФИА информациите за сметководството на Ред Бул, туку најверојатно ги пренесе до Мерцедес АМГ решенијата развиени од ФИА со најновата техничка директива.
Така, Мерцедес АМГ разви модификација на подот еден час по нејзиното стапување на сила, кое подоцна сепак беше одложено неколку трки, по протестот од повеќето тимови.
Се надеваме дека вакви персони, колатерални штети на зделките на Тото Волф, нема повеќе никогаш да стапнат во ФИА, а не пак да добијат толку значајна раководна улога.
ШПИОНОТ НА МЕРЦЕДЕС АМГ ОТПУШТЕН ОД ФИА
11/23/2022 06:51:00 PM
0
Tags
Share to other apps