Ред Бул го официјализираше потпишувањето договор со Даниел Рикиардо како нивни трет возач. Така, Австралиецот се враќа во австрискиот тим откако се збогуваше со Мекларен на последната трка за Големата Награда на Абу Даби.
По четири сезони надвор од тимот, Рикиардо се враќа во австрискиот тим, но овој пат во улога на трет возач. Австралиецот ќе биде тест-возач, ќе работи во симулаторот, ќе помага на тест сесиите и со комерцијалната активност на тимот.
Гласините за враќањето на Рикиардо во Ред Бул беа постојани во последниве месеци откако тој го загуби местото како прв возач. Всушност, Марко го потврди неговото доаѓање на последната трка во Бразил, иако Хорнер инсистираше дека Рикиардо сè уште нема ништо потпишано.
Кристијан Хорнер: "Одлично е што Даниел се врати во семејството на Ред Бул. Тој е енормно талентиран и има брилијантен карактер, знам дека целата фабрика е возбудена да го пречека назад."
"Во својата улога како тест и трет возач, Даниел ќе ни даде можност да се диверзифицираме, помагајќи во развојот на болидот, помагајќи му на тимот со своето искуство и знаење."
Даниел Рикиардо: "Насмевката кажува се, навистина сум возбуден што се враќам во Ред Бул како трет возач за 2023 година. Пречекот од Хорнер, Марко и од целиот тим е нешто што искрено го ценам."
"За мене лично, можноста да придонесам и да бидам опкружен со најдобриот тим во Формула 1 е многу привлечна, додека исто така ми дава време да ги наполнам бетериите и повторно да се фокусирам."
Со 29 трофеи зад неговото име, тој забележа многу поени во одличната прва година со Ред Бул, што веднаш имаше влијание во поредокот, завршувајќи на 3-тото место во шампионатот и обезбедувајќи победи во Монтреал и Будимпешта.
Потоа во 2015 година и епскиот настап во Монако и најбрзиот круг на трката, за да ја забележи својата прва Пол позиција на истата трка една година подоцна. Во 2016 година, тој беше и единствениот возач кој ги заврши сите 21 трка.
Во 2017 година Даниел победи на дивата трка за Големата Награда на Азербејџан и се искачи на осум други подиуми, пред да влезе во голем стил во 2018 сезоната. Тој победи на две од првите шест трки таа година, напредувајќи низ гридот во Кина, а потоа незаборавната победа во Монако, проследена со култната прослава и нуркањето во базенот.
ОФИЦИЈАЛНО: ДАНИЕЛ РИКИАРДО ТРЕТ ВОЗАЧ НА РЕД БУЛ
11/23/2022 03:49:00 PM
0
Share to other apps