Џорџ Расел го изненади Макс Ферстапен на Спринт за Големата Награда на Сао Пауло и по спектакуларниот дуел изведе претекнување за победа, што ќе му овозможи утре да стартува од првата позиција.
Карлос Саинц Јр. го извади максимумот од новиот мотор на Ферари во неговиот болид, за второто место и седмум поени на неговото конто, но исто така му донесе и казна од 5 стартни позиции.
Луис Хамилтон финишираше на третото место, но по казната на шпанецот во Ферари, тоа обезбеди прв стартен ред за Мерцедес АМГ на утрешната трка. Макс Ферстапен по 14-от круг имаше контролирана трка за минимизирање на штетата од предното крило.
Може да се каже дека Ред Бул направи и стратегиска грешка со монтирање на жолтите гуми, но тоа било направено да се заштеди нов сет на црвени гуми.
Најверојатно во тимот ги преценија нивните можности, мислеа дека лесно ќе стигнат до П1, но реалноста беше поинаква, жолтите гуми се катастрофа, но нити црвените не донесоа многу за неговиот тимски колега.
Серџо Перез успеа да стигне само до петтата позиција, чувајќи го Чарлс Леклер зад себе. Ландо Норис, пак, беше најдобар од останатите на седмото место, пред Кевин Магнусен кој брзо падна на вистинското место за Хас Ф1.
Себастијан Ветел и Пјер Гасли ја комплетираа Топ 10 поредокот, од кој неочекувано и испаднаа возачите на Алпин, кои решија да се пресметаат помеѓу себе на штета на тимот. Фернандо Алонсо и Естебан Окон имаат значителни оштетувања на своите болиди.
Стјуардите ќе имаат многу работа. Пјер Гасли е повикан кај стјуардите за непотребно бавно возење за време на формациските кругови. Луис Хамилтон, Даниел Рикиардо и Џоу Гуанју се под истрага за наводни прекршоци во стартната процедура. Фернандо Алонсо и Естебан Окон се повикани кај стјуардите за нивниот инцидент на стартно/целниот правец.
Одлуки на Стјуардите:
- Пјер Гасли помина само со предупредување.
- Сите возачи со наводни прекршоци на стартната процедура се ослободени од вина.
- Пет секунди казна за Алонсо и два казнени поени за судирот со Естебан Окон.
МЕРЦЕДЕС АМГ ГО ОБЕЗБЕДИ ПРВИОТ СТАРТЕН РЕД
11/12/2022 10:29:00 PM
0
Share to other apps