Тимот на Алфа Ромео го официјализираше дека Фредерик Васер ќе се повлече од функцијата извршен директор и тимски шеф. Се уште нема замена за Французинот, но сите погледи веќе се насочени кон Андреас Зајдл.
Тимот му се заблагодари на Васер за успешната работа и напредок во изминатите шест сезони, во кои не само што привлече нови партнери и спонзори, туку и во 2022 година го постигна најдобриот резултат во Ф1 шампионатот во последните десет години, завршувајќи на шестото место во пласманот на конструктори.
Се уште не е објавено новото работно место на Васер, но во европскиот печат веќе се појави информација дека тој купил куќа во близина на Маранело, каде што се наоѓа базата на Ферари.
Уште ја немавме завршено претходната вест, Ферари официјално потврди дека Фредерик Васер ќе биде замената на Матија Биното на чело на тимот, со што тој ќе биде задолжен да ги води Чарлс Леклер и Карлос Саинц Јр. на нивниот пат кон врвот на Формула 1. Тој ќе се приклучи на Ферари на 9 јануари.
"Среќен сум што ќе раководам со тим каков што е Ферари. Како некој кој отсекогаш имал голема страст за мотоспортот, Ферари секогаш го претставувал врвот на тркачкиот свет за мене."
"Со нетрпение очекувам да работам со талентираниот и страствен тим во Маранело за да ја почитуваме историјата и наследството на Скудерија и да ги воодушевиме нашите тифози ширум светот."
Бенедето Виња, извршен директор: "Среќни сме да му посакаме добредојде на Фред Васер во Ферари како тимски шеф. Во текот на неговата кариера, тој успешно ги комбинира техничките сили на остварениот инженер со постојаната способност да ги мотивира возачите и тимскиот персонал. Неговите лидерски квалитети ќе ни помогнат да го придвижиме Ферари напред со нова енергија."
"Со оглед на напредокот на тимот во последните години, шесто во 2020 година, трето во 2021 година и второ во 2022 година, следува Ферари на врвот, а Фредерик, како што веќе го предупреди Питер Заубер, ќе биде во центарот на вниманието. Сите очи ќе бидат вперени кон него."
Домино ефектот продолжува! Веќе стигна до тимот на Мекларен, кој го потврди заминување на Андреас Зајдл. Германецот беше фаворит на Ауди да го предводи тимот од Хинвил, а тој не се двоумеше повторно да започне проект со групацијата Фолксваген.
Ова го остави Мекларен во позиција да мора да најде нов тимски шеф, но тимот од Вокинг дејствуваше брзо и му даде можност на Андреа Стела, кој од 2019 година беше тркачки директор.
"Се чувствувам привилегиран да ја преземам улогата на тимски шеф во мојот следен период во Мекларен. Благодарен сум на Зак и на акционерите за нивната доверба во мене, како и на сите мои колеги и оние кои ме поддржуваа во текот на мојата кариера во Ф1."
"Реални сме за обемот на работа пред нас, но возбуден сум што ќе бидам на ова патување заедно со тим полн со талент, искуство, тркачки дух и посветеност. Со нетрпение очекувам да соработувам блиску со секој од нив за да постигнамe одличeн успех заедно и да уживаме во нашето патешетвие."
Зак Браун се надева дека Стела ќе успее во својата нова улога: "Воодушевен сум што Андреа Стела ќе ја преземе функцијата тимски шеф и ќе ја води нашата Ф1 програма. Андреа е многу талентиран, искусен и почитуван член на нашиот тим со силно искуство во Формула 1. Неговиот преселба на оваа улога е одличен пример на силата што ја имаме во нашиот тим."
"Уживав да работам со Андреас. Тој го донесе своето водство во тимот и одигра важна улога во нашиот план за опоравување и патување назад кон врвот на гридот. Ја ценам транспарентноста во текот на целиот процес, што ни помогна да имаме време да се подговтиме соодветно."
Заубер официјално го објави ангажирањето на Андреас Зајдл за извршен директор на тимот во неговиот транзициски период и премин во сопственост на Ауди. Сега, тој заедно со тимот ќе работи на назначувањето на нов тимски шеф, кој што ќе биде соопштен во догледно време.
"Фантастично е што од јануари ќе се приклучам на Заубер. Тоа е тим со богата историја во Формула 1 и организација која многу добро ја познавам, работев и живеев во Хинвил четири години."
"Едвај чекам да се приклучам на тимот и да работам со сите на амбициозните цели што си ги поставивме. Сакам да му се заблагодарам на Фин Раусинг и на сите во Заубер за нивниот избор, со нетрпение очекувам да им се оддолжам на нивната доверба со мојата работа."
Ауди: "Ние сме задоволни со изборот на нашиот иден партнер. Андреас Зајдл има големо искуство како лидер во програмите за мотоспорт, и од страна на производителот и од страната на Ф1 тимот. Неговиот учинок во мотоспортот е импресивен."
Фин Раусинг, претседател на бордот на директори на Заубер, исто така е воодушевен од потпишувањето на Зајдл.
"Големо задоволство е да му посакам добредојде на Андреас Зајдл како извршен директор на Групацијата Заубер. Искуството на Андреас ќе донесе јасно разбирање за тоа што е потребно за да се постигне успех. Се радувам на многу успешни години заедно."
ОФИЦИЈАЛНО: ФРЕДЕРИК ВАСЕР НОВ ТИМСКИ ШЕФ НА ФЕРАРИ
12/13/2022 09:23:00 AM
0
Share to other apps