Хана Шмиц, еден од главните инженери за стратегија на Ред Бул Ф1 тимот, ја доби наградата - женски инженер на годината која ја доделува McLaren Applied, дивизијата која развива технолошки решенија, меѓу другото и за Формула 1 болидите.
Шмиц беше клучен играч во успехот на Ред Бул. Таа и нејзиниот тим пресметуваат и анализираат огромни количини на податоци, како и симулираат различни ситуации во текот на Гран при викендот, за да можат Макс Ферстапен и Серџо Перез да дојдат до оптимални стратегии.
Оваа година, всушност, важноста на стратегијата стана многу јасна. Добар доказ за тоа е она што се случи во Унгарија, со победата на Ферстапен кој стартуваше од десеттата позиција, но и во Монако и Мексико кога беа донесени добри одлуки за искачување на највисоката позиција на подиумот.
Притисокот врз инженерите за стратегија е огромен, но Хана Шмиц мајсторски ја одржуваше својата смиреност во текот на целата сезона. Токму тоа најмногу го привлече вниманието на комисијата за наградата што ја доделува Мекларен.
"Победникот на првата награда на McLaren Applied за инженер на годината е... Хана Шмиц, виш стратегиски инженер во Ред Бул. Членовите на оваа комисија беа импресионирани од нејзината стратешка способност и успех во донесувањето одлуки под притисок. Честитки Хана!", се вели во изјавата од Мекларен.
Другите две кандидати за наградата беа Кристина Еманулидес, од тимот на Алфа Ромео и Шарлот Фелпс, стратегиски инженер во Мерцедес АМГ и моментално раководи со Вивас Мотоспорт.
Полин Мекферен, директорката за дигитална содржина во автомобилската област на McLaren Applied, увери дека е чест да и се додели оваа награда на Хана, бидејќи таа е страстна за еднаквоста во сите нејзини форми и тоа ја зголемува видливоста на жени на инженерски позиции и ги инспирира помладите генерации.
ХАНА ШМИЦ НАГРАДЕНА ОД МЕКЛАРЕН
12/04/2022 03:06:00 PM
0
Share to other apps