Гласините кружат веќе неколку недели, но сега конечно е одлучено, Големата Награда на Кина нема да се одржи нити следната 2023 сезона поради тековната пандемија и строгите закони на таа земја.
"По дијалогот со промоторот и релевантните власти, Формула 1 може да потврди дека Големата Награда на Кина во 2023 година нема да се одржи поради тековните тешкотии поврзани со пандемијата."
"Формула 1 ги проценува алтернативните опции за заменска трка во календарот за новата сезона, а доколку биде донесена некаква одлука, набрзо ќе биде соопштено."
Неофицијално, нема да биде лесно да се замени трката во Шангај од логистички аспект, но ако тоа не се направи, паузата помеѓу Големите Награди на Австралија и Азербејџан ќе биде предолга, четири недели, што ќе го намали интересот за шампионатот.
Во Формула 1 се обидуваат да го избегнат ова и се разговара за неколку опции, трка во Португалија, Турција, Франција и Германија, но под одредени финансиски и логистички услови. Кој најдобро ќе се испазари, тој ќе добие првокласен настан.
ОФИЦИЈАЛНО: ОТКАЖАНА ТРКАТА ВО КИНА
12/02/2022 01:40:00 PM
0
Share to other apps