Во Барселона стартуваше првата тест сесија од новиот женски шампионат именуван како Ф1 Академија. Пет тима, секој со по три возачки, два дена ќе работат на патеката Каталуња, во близина на Барселона, Шпанија.
Временските услови се добри, прилично сончево и топло, со дневни температури кои надминуваат 20 степени, што секако најдобро одговара на тимовите учесници и тоа: Кампос, МП Мотоспорт, АРТ Гран При, Родин Карлин и Према.
КАМПОС
Нереа Марти #1
Лола Ловинфос #2
Маите Касерес #3
Првиот тим што ја потврди возачката постава за инаугуративната сезона на Ф1 Академијата, беше Кампос Рејсинг. Нереа Марти по две сезони во Формула Ж имаше неколку пласмани на подиумот една пол позиција. Лола Ловинфос ќе се обиде да го надоградува својот развој по настапот во шпанскиот Ф4 шампионат. Маите Касерес ќе дебитира по прв пат на меѓународна сцена, по настапите во својата родна земја, Уругвај.
МП Мотоспорт
Хамда Ал-Кубаиси #4
Емели де Хеус #5
Амна Ал-Кубаиси #6
Тимот ќе се стреми кон добри резултати со сестрите Ал-Кубаиси, Хамда и Амна, и холанѓанката Емели де Хеус, која со истиот тим учевствуваше во шпанскиот Ф4 шампионат во 2021 година.
АРТ ГП
Лена Булер #7
Кери Шрајнер #8
Клои Грант #9
Тимот е основан од сегашниот тимски шеф на Ферари, Фред Васер и синот на Жан тод, Николас Тод. Лена Булер беше првиот возач најавен за Ф1 Академијата, дел е од младинската академија на Заубер и е една од двете возачки поврзани со Ф1 тим. Кери Шрајнер, по трките со GT и спортски автомобили, ќе сака да се докаже и во трките со болиди, додека 17-годишната шкотска ѕвезда Клои Грант бара да се прослави во својата прва сезона на меѓународни натпревари.
РОДЕН КАРЛИН
Аби Пулинг #10
Џесика Едгар #11
Меган Гилкс #12
Роден Карлин ја има една од најпрепознатливите возачки постави во оваа област, а членката на младинската академија на Алпин, Аби Пулинг се надева дека ќе го предводи овој британски тим. 18-годишната Џесика Едгар ќе се обиде да постигне забележителни резултати со премин од ГБ4 шампионатот во академијата на Формула 1. Канаѓанката, Меган Гилкс, веќе има настапи во Формула Ж и ГБ4 шампионатите, и ни остана во паметење по тоа што е секогаш насмеана и позитивна личност. Таа е единствената натпреварувачка која има и инженерско искуство работејќи во почената сезона за тимот на Астон Мартин.
ПРЕМА
Клои Чонг #14
Марта Гарсија #15
Бјанка Бустаманте #16
Петтиот и последен тим на гридот на Ф1 Академијата за 2023 година е Према Рејсинг. Во својата возачка постава ќе ја има најмладата натпреварувачка, 16-годишната Клои Чонг, која беше финалист во програмата на ФИА Girls on Track - Rising Stars. Искусната Марта Гарсија и најдобриот дебитант во минатогодишната Формула Ж, Бјанка Бустаманте, се вредна комбинација за овој Италијански тим.
По оваа дводневна тест сесија во Барселона, следува уште една од 18-19 април на патеката Ле Кастел, Франција, а инаугуралната сезона во овој шампионат ќе започне на 28-29 Април во Шпилберг, Австрија.
СТАРТУВАШЕ НОВ ЦЕЛОСНО ЖЕНСКИ ТРКАЧКИ ШАМПИОНАТ
4/11/2023 08:08:00 PM
0
Share to other apps