Во тимот на Ред Бул се подготвуваат да остават белег во Мајами, со ексклузивен изглед на своите болиди, дизајниран од фановите.
RB19 ќе се појави со малку поинаков "дрес" откако тимот ги предаде дизајнерските алатки на своите фанови како дел од кампањата Make Your Mark.
Натпреварот им овозможува на фановите да го дизајнираат изгледот на RB19 за сите три трки во САД. Ова е посебен момент за Ред Бул бидејќи тимот имаше само шест еднократни обојувања во 19 сезони во врвниот мотоспорт.
По прв пат, дизајнот на обојувањето беше доверено на најверни следбеници на тимот, а креацијата на Аргентинката, Мартина Андријано, беше избрана од илјадници пријавени.
Комисијата која го избираше победничкиот дизајн беше предводена од Кристијан Хорнер, тимскиот шеф и извршен директор на тимот, плус претставници од тимскиот партнер Oracle, главниот тимски партнер, Bybit и технолошкиот партнер, Mobil 1.
Болидите на Макс и Чеко ќе бидат украсени со впечатлив розов, син и виолетов дизајн, што е замисла на студентката по графички дизајн Мартина.
Победничката беше донесена во Мајами за лично да го види нејзиниот дизајн и да доживее незаборавен викенд со шампионскиот тим.
Кристијан Хорнер вели: "Иницијативата Make Your Mark е одлична, да им дадеме на нашите фанови можност да влијаат на нашиот дизајн на трите трки во САД е нешто што едноставно не гледате како другите тимови го прават."
"За тимот е важно да може да ги вклучи нашите фанови во она што го правиме и да им дадеме уникатни можности како оваа. Мислам дека Мартина заврши одлична работа и обојувањето изгледа неверојатно кога ќе го видите во реалниот живот."
"Дизајнот го задржува етосот на тоа кои сме ние, но го поврзува Мајами со RB19. Дефинитивно ќе се истакнеме кога ќе го видите тој болид на патеката. Заинтригиран сум да видам што смислуваат луѓето за Остин и секако Лас Вегас, што ветува дека ќе биде навистина возбудливо."
Мартина Адријано, дизајнерката и победничка на Make Your Mark Miami, изјави: "Во моментот кога дознав дека сум победила, бев шокирана и без зборови, не можев да верувам, се чувствувам како да сонувам луд сон. Првото нешто на кое размислував кога го започнав мојот дизајн беше како воздухот тече низ и над болидот, потоа како се движи и колку е брз и оттука дојде мојата инспирација."
"Потоа, се разбира, сакав да го претставам Мајами и трката во Мајами, па сето тоа беше инспирација. Откако почнав да студирам графички дизајн, сакав да дизајнирам нешто за болид, неговото обојување, тркачки комбинезон или кацига, а уште пред тоа знаев дека еден ден сакам да работам во Формула 1, па тоа што ја добив оваа можност од Ред Бул е нешто огромно."
"Ова ќе биде мојата прва трка, болидот ќе го има мојот дизајн и јас ќе бидам во гаражата. Ќе биде неверојатно доживување."
Забавата за презентација на новиот изглед ќе се одвива во уметничка галерија во Вајнвуд, срцето на уметничката област во Мајами, за членовите на Ф1 падокот и фановите кои добија шанса да освојат влезница и за првпат да го видат новиот дизајн, кој ќе биде претставен од Дејвид Култхард и амбасадорот на тимот, Челси Грајмс.
Обојувањето Make your mark Miami ќе биде достапно како скин во претстојната Ф1 23 игра.
Условите за учество во натпреварот кој е во тек и за следните две трки во Остин и Лас Вегас, е да се биде член на лојалити програмата на Ред Бул, наречена "The Paddock" и да се има 500 поени. Во прилог ги имате и останатите 4 дизајни кои беа во Топ 5 конкуренција за трката во Мајами.
ЕКСКЛУЗИВНО: НОВИОТ МАЈАМИ ИЗГЛЕД НА РБ19
5/04/2023 02:23:00 AM
0
Share to other apps