Адријан Њуи ќе ја продолжи својата кариера во Формула 1 уште неколку години.
На реномираниот Британскиот инженер договорот со Ред Бул му завршува на крајот од оваа година, но двете страни одлучија да го продолжат, а со тоа да го продолжат партнерството кое им донесе многу успеси.
Во моментов, австрискиот тим не го официјализираше овој договор, ниту се знае на колку години е обновен, но брилијантниот почеток на сезоната на Ред Бул ги натера двете страни брзо да дејствуваат и да си ја осигураат својата иднина. Така, Адријан Њуи ќе продолжи како технички директор уште неколку сезони.
Адријан Њуи е едeн од најценетите дизајнери во Формула 1, инженер кој бил творец на некои од најдобрите Формула 1 болиди и има освоено 23 Титули, 12 кај возачите и 11 кај конструктори.
Последните ги забележа со Ред Бул, каде во оваа 2023 година е на пат да додаде уште две нови зад своето име.
"Њуи е фундаментален дел од тимот речиси од самиот почеток. Тој покрива многу области, па тоа што можеме да го користиме неговите знаења и искуство е одлично", вели Кристијан Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул.
"Тој е мотивиран како и секогаш. Има голем интерес за она што се случува во PowerTrains и Red Bull Advanced Technology."
Дополнително, Хорнер тврди дека Њуи има големи очекувања од сојузот со Форд, со кого австрискиот тим ќе развие сопствена погонска единица од 2026 година.
АДРИЈАН ЊУИ ПРОДОЛЖУВА СО РЕД БУЛ
5/01/2023 07:52:00 PM
0
Share to other apps