Во Мајами, најбрзиот пит-стоп на трката го направија механичарите на Ферари, кои во 18-от круг го сервисираа болидот на Карлос Саинц Јр. за 2.21 секунди, трет најбрз пит-стоп за оваа сезона.
Во петтата трка од 2023 година, Ферари повторно не успеа да го направи посакуваниот пробив кон врвот. Со надеж дека барем ќе излезат како победници во однос на Мерцедес АМГ и Астон Мартин, Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер се најдоа во меѓусебна битка.
"Откако го ставив Фернандо под притисок во првиот стинт, во вториот завршив 20 секунди зад него", изјави Карлос Саинц Јр.. "Тоа е тешко да се прифати."
По ветувачкиот старт од третото место на гридот, тој на крајот мораше да се задоволи со петтото место.
"Малку сум изненаден колку се мачевме со белите пневматици по многу силниот прв стинт на жолтите."
Од Ферари се обидоа да го престигнат болидот на Астон Мартин со побрзо влегување во бокс, како би се искористиле нови бели пневматици, но тие покажаа прекумерното абење.
"Морав да возам под лимитот за да стигнам до крај", изјави 28-годишниот Шпанец. "Како и во Саудиска Арабија, гумите едноставно се деградираа премногу брзо."
Саинц Јр. немаше поплаки за стратегијата, но сепак се чувствуваше немоќно: "Постојано возиш на самиот лимит на болидот, го видовме тоа преку целиот викенд. И ја плаќаме цената за тоа. Во моментов, не можеме да притиснеме. Штом завршиш круг, следниот си побавен за три десетинки."
Но, тоа не беше единствениот проблем, доаѓајќи за промена на гуми, Шпанецот влезе во бокс малку пребрзо, постигнувајќи 82.2 наместо дозволените 80 км/ч. Стјуардите му изрекоа казна од пет секунди на возачот на Ферари.
За среќа, шестопласираниот Луис Хамилтон заостана доволно и за разлика од Австралија, возачот на Ферари го задржа своето место.
Во Ферари мислат дека SF-23 е конкурентен и способен да остане во чекор со своите главни ривали, Астон Мартин и Мерцедес АМГ. Чарлс Леклер веќе успеа да го забележи најбрзото време во квалификациите и спринт престрелката во Баку.
Карлос Саинц Јр. се квалификуваше на третото место во Мајами зад Серџо Перез и Фернандо Алонсо.
"Темпото е тука", вели тимскиот шеф на Ферари, Фред Васер. "Работите се во ред во квалификациите, но во самата трка не успеваме. Сепак, треба да ги земете позитивните страни од ситуацијата, добро работиме заедно."
Доказите за оваа добра тимска работа може да се најдат во боксот единствено место каде што Ферари може да се спротивстави на своите ривали.
Промената на пневматиците на Карлос Саинц Јр. беше најбрзиот пит-стоп на целата трка со 2.21 секунди, а застанувањето на Чарлс Леклер од 2.61 секунда беше шестото најбрзо.
По неуспешните настапи во боксот во последните години, барем во овој оддел, Ферари одат во вистинската насока.
Вкупно, тимовите направија 20 пит-стопа во текот на трката во Мајами. Најдолго во бокс беше Логан Сарџент, во вториот круг, кога го смени носот на болидот.
Во генералниот пласман, Ферари се зацврсти на првото место, малку зголемувајќи ја предноста пред Ред Бул. Првите четири тима останаа исти, механичарите на Мекларен се искачија на петтото место, а Вилијамс излезе пред Алфа Ромео.
ФЕРАРИ ИМПРЕСИВЕН ВО БОКСОТ, НО ЗА ЖАЛ НЕ ТОЛКУ НА ТРКАТА
5/12/2023 06:54:00 PM
0
Share to other apps