По трката за Големата Награда на Шпанија, Пирели, заедно со Ферари и Мерцедес АМГ, ќе спроведе дводневна тест сесија на која ќе се евалуираат пневматиците за следната 2024 сезона.
Во тимот на Мерцедес АМГ, своето прво возење зад воланот на W14 ќе го добие Мик Шумахер. Германецот се приклучи на тимот како резервен возач по неговото заминување од Хас на крајот на 2022 година, по две сезони во Американскиот тим.
Тој својата шанса ќе ја добие на вториот тест ден, откако Џорџ Расел ќе биде зад воланот во вторник.
Оваа година, Мик Шумахер е присутен на сите трки и, доколку е потребно, е подготвен да замени еден од главните возачи на тимот, но и тие на Мекларен. На европските трки, Мик работи и на симулаторот во петок , помагајќи му на тимот во потрагата по оптимални поставки и пристигнува на патеката во сабота наутро.
Оваа тест сесија на Пирели ќе биде продолжени на петочните тренинг сесии за Големата Награда на Шпанија, каде што на тимовите ќе им бидат дадени два дополнителни комплети гуми со нова конструкција кои треба да дебитираат на ГН на Британија подоцна оваа сезона.
ОФИЦИЈАЛНО: МИК ШУМАХЕР ЌЕ ДЕБИТИРА ВО БОЛИДОТ НА МЕРЦЕДЕС АМГ
6/01/2023 05:21:00 PM
0
Share to other apps