Во Шпанија, најбрзиот пит-стоп на трката го направија механичарите на Ред Бул, кои во 27-от круг го сервисираа болидот на Серџо Перез за 2.07 секунди, со што го презедоа врвот од Ферари.
Ова значи дека минатогодишните шампиони повторно имаат предност. Механичарите на Ферари силно ја започнаа новата сезона. Од трката во Бахреин, тие го држеа првото место во оваа категорија, и за најбрзо менување на гуми и во севкупниот пласман.
Но, механичарите на Ред Бул, секогаш беа во близина, чекајќи да земат врвот. И тие го направија тоа со речиси совршен викенд во боксот на патеката Каталуња. Трите најбрзи пит-стопа на трката, 2.07, 2.26 и 2.28 секунди, беа во нивна сопственост.
Дури и нивниот четврти пит-стоп, со време од 2.65 секунди, беше респектабилна изведба и дванаесетто најбрзо застанување на трката.
Ферари и на ова поле имаа трка за заборав. Карлос Саинц Јр. и Чарлс Леклер не можеа да се справат со гумите на патеката и само едно од нивните четири застанувања во бокс влезе во Топ 10, со време од 2.46 секунди.
За споредба, трката за Ред Бул помина речиси совршено. Макс Ферстапен од пол позицијата лесно се оддалечи од останатите возачи, а двете одлични застанувања во боксот гарантираа доминантна победа во трка во која тој водеше во секој круг и исто така го извозе најбрзиот круг.
Но, најбрзиот пит-стоп во оваа прилика го имаше неговиот тимски колега, Серџо Перез. Брзата промена на гумите му помогна да напредува низ гридот, и по стартот од П11, тој стигна до четвртото место на трката.
На тој начин, Ред Бул ја достигна границата од 200 поени во битката за наградата за најбрз пит-стоп на DHL, по седум изминати трки. Лошата работа на механичарите на Ферари во Барселона одеднаш отвори разлика од 28 поени. Двата тима се далеку пред третопласираниот тим на Алпин со 107 бодови.
Вкупно, тимовите направија 43 пит-стопа во текот на трката. Најдолг беше тој на Мекларен во привот круг, кога нивните механичари мораа да го сменат носот на болидот на Ландо Норис, по инцидентот со Луис Хамилтон.
РЕД БУЛ ГО ПРЕСТИГНА ФЕРАРИ НА ВРВОТ
6/09/2023 01:08:00 PM
0
Share to other apps