Формула 1 и нивната најнова Ф1 академија за жени, објавија дека во 2024 година, сите 10 Формула 1 тимови ќе предложат по една напреварувачка во овој шампионат.
Моментално, да има и тековен 2023 шампионат, учествуваат пет тима со по три натпреварувачки: АРТ ГП, Кампос Рејсинг, МП Моторспорт, ПРЕМА и Родин Карлин.
Од 2024 година, десет натпреварувачки ќе бидат делегирани од Формула 1 тимовите и ќе возат болид во боите на тимот. Останатите пет натпреварувачки ќе бидат поддржани од други спонзори, кои што ќе бидат објавени наскоро.
Сузи Волф, раководител на Академијата: "Прво, сакам да им се заблагодарам на Формула 1 тимовите за нивната поддршка и визија за тоа како да напредуваме заедно."
"Ова не само што ја покажува длабоката поддршка за Академијата од целата заедница во Формула 1, туку ќе инспирира цела генерација девојки да го реализираат својот потенцијал во мотоспортот."
Стефано Доменикали, шеф на Формула 1: "Ја создадовме Ф1 академијата за да направиме реални и долгорочни промени, да им обезбедиме на младите талентирани девојки вистинскиот систем каде што ќе можат да ги следат своите соништа и да ги остварат."
Добро е да се даде шанса на младите девојки, но банкротираниот шампионат на Формула Ж потврди дека ова не е вистинскиот начин. Кога далеку повеќе медиумски застапената Формула Ж не успеа, не знаеме каква е иднината на овој шампионат.
Сезонава си возат трки на патеки далеку од Формула 1, нити има прес служба, нити информации што се случува, освен површни, така да однапред се осудени на неуспех.
Џејми Чадвик три години шампионка на Формула Ж, успеа да стигне само до некакво си место на развоен возач на Вилијамс и се уште нема почувствувано како е да се вози Ф1 болид, барем на неколку тест круга!
ФОРМУЛА 1 ТИМОВИТЕ ЌЕ ИМААТ НАТПРЕВАРУВАЧКИ ВО ЖЕНСКАТА Ф1 АКАДЕМИЈА
7/26/2023 08:52:00 PM
0
Share to other apps