На патеката Силверстоун, Мерцедес АМГ и Мекларен ќе учествуваат на тест сесија организирана од ФИА каде ќе бидат испробани ефектите од "калници" на тркалата на Ф1 болидите кои ќе имаат функција да го намалат количеството на вода зад болидите за време на влажна трка.
По трагедијата во СПА каде загина Дилано ван`т Хоф, ФИА ја забрза програмата за подобрување на видливоста при трки на влажно.
Сините гуми за дожд и зелените интермедиа се многу ефикасни при отстранување на водата од асфалтот, но ја прскаат нагоре, создавајќи голем воден облак кој ја намалува видливоста.
За да се намали овој воден облак, ФИА реши да испроба "калници" и денеска двата тима, заедно со инженерите на федерацијата, ќе тестираат неколку опции.
Прототип на лакови над тркалата, кои се очекува да покриваат околу една четвртина од обемот на тркалата, ќе бидат поставени на болидот на Мерцедес АМГ.
Тестовите ќе се вршат на вештачки наводенетиот стартен правец.
Мерцедес АМГ ќе го следи болидот на Мекларен без лакови на тркалата. Потоа тие ќе ги заменат местата и ФИА ќе може да го оцени постигнатиот ефект.
Иако нема потврда кој ќе ги вози болидите за време на тестовите, се шпекулира дека резервниот возач на Мерцедес АМГ, Мик Шумахер, ќе седне зад воланот на W14.
Ниту Мерцедес АМГ, ниту Мекларен, нема да направат никакви трошоци за спроведување на овие тестови кои не подлежат на ограничениот буџет, бидејќи се нарачани од ФИА.
МЕРЦЕДЕС АМГ И МЕКЛАРЕН ЌЕ ТЕСТИРААТ КАЛНИЦИ
7/13/2023 11:08:00 AM
0
Share to other apps