Фановите на Вилијамс тимот го избраа специјалниот "дрес" во боите на нафтената компанија Gulf, што ќе биде аплициран на нивните болиди на трките за Големите Награди на Сингапур, Јапонија и Катар.
Фановите на тимот од Гроув имаа можност да го изберат победникот меѓу четирите предложени кандидати: Heritage, Bolder than Bold, Visionary, and Contemporary. По три круга на гласање и околу 180.000 гласови, фановите на британскиот тим се одлучија за Bolder than Bold.
"Ова натпреварување беше неверојатна можност за нашите фанови активно да учествуваат и да го обликуваат визуелниот идентитет на нашиот тим", рече Џејмс Воулс. "Победничкиот дизајн ја отелотворува суштината на партнерството меѓу Gulf и Вилијамс, размислувајќи за минатото, но надградувајќи ја нашата иднина."
Извршниот директор на Gulf Oil International, Мајк Џонс, е воодушевен од оваа иницијатива.
"Ние сме многу горди на нашето партнерство со Вилијамс. Ова обојување означува иконичен момент во историјата на мотоспортот. Кампањата беше голем успех и предизвика ентузијазам кај фановите на Gulf и Вилијамс."
"Да им се даде моќ на фановите да го контролираат ова натпреварување имаше огромно влијание врз резултатите. Иконските бои на Gulf создадоа четири неверојатни дизајни победникот беше избран од фановите, Bolder than Bold, која сега ќе биде запишана во богатата историја на Gulg во мотоспортот."
Иако ова обојување ќе се користи на трките во Сингапур, Јапонија и Катар, таа ќе биде изложена од 13 до 16 јули на Фестивалот на брзина во Гудвуд.
ФАНОВИТЕ ГО ИЗБРАА GULF ДРЕСОТ НА ВИЛИЈАМС
7/12/2023 11:06:00 AM
0
Share to other apps