Луис Хамилтон го забележа најбрзото време на саботниот тренинг за Големата Награда на Унгарија. Британецот ги победи возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен втор, Серџо Перез трет за 25 стотинки. Ландо Норис на жолтите најави дека не смееме да го отпишеме Мекларен од борбата за Пол позиција.
Последната тренинг сесија викендов започна доста мирно. Двата Ред Була ги монтираа жолтите гуми за да направат неколку квалификациски кругови и да продолжат со долги стинтови, размислувајќи повеќе за трката.
Ферари го следеше истиот план, но времињата беа далеку од тие на Ред Бул. Во оваа сесија најмногу се користеа црвените и жолтите гуми. Астон Мартин се обиде да ја најде границата на црвените гуми со Алонсо, а Мерцедес АМГ го направи истото со жолтите.
Температурите ќе бидат високи до крајот на викендот, а деградацијата може да направи хаос во сите тимови. На крајот од тренинг сесијата видиовме квалификациски кругови на црвените гуми.
Референтното време на врвот го имаше Фернандо Алонсо, кој го забележа своето најбрзо време половина час пред останатите. Ландо Норис имаше доста извонреден брз круг на жолтите гуми и прв го победи времето на Шпанецот за две десетинки.
Следуваше Луис Хамилтон, кој со црвените гуми го подобри времето на Мекларен за 2.7 десетинки. Другиот Мерцедес АМГ, тој на Џорџ Расел, немаше добар круг.
Возачите на Ред Бул исто така заостанаа зад Хамилтон, Ферстапен и Перез имаа речиси идентично време и заостанување од две и пол десетинки. Времето на Мексиканецот беше поставено на стар сет на црвени пневматици.
Двата црвени болида заостануваа речиси половина секунда зад најбрзото време на Хамилтон и најизненадувачки е што Нико Хулкенберг ги победи и го освои четвртото место.
Значи, по подолго време немаме Ред Бул на врвот на саботниот тренинг, а таа чест ја презеде Луис Хамилтон со Мерцедес АМГ на патеката на која има осум победи. Ферстапен и Перез завршија на второто и третото место соодветно, со Хулкенберг четврти и Норис петти со жолтите гума.
Другиот Мерцедес АМГ на Расел заврши на шестото место, три десетинки зад неговиот тимски колега. Леклер беше седми, а Саинц Јр. осми. Алонсо, со својот круг на црвените гуми, поставен многу време пред ривалите, заврши деветти, а Валтери Ботас го затвори Топ 10 пласманот во добра сесија за Алфа Ромео.
СЛЕДАТ НАЈИНТЕРЕСНИ КВАЛИФИКАЦИИ ВО СЕЗОНАТА?!?
7/21/2023 07:02:00 PM
0
Share to other apps