Чарлс Леклер го забележа најбрзиот круг на чудната попладневна тренинг сесија за Големата Награда на Унгарија.
Резултатите се изненадувачки, со повеќе возачи во долниот дел на табелата, кои сме навикнале да ги гледаме многу повисоко во редоследот.
Макс Ферстапен со време само за П11, Перез повторно со грешка. Џорџ Расел од прво, сега на последното место на табелата.
Заслуга за изненадувачкиот редослед, најверојатно, може да биде припишан и на АТА - Алтернативната алокација на пневматици, која се испробува овој викенд на Хунгароринг.
По дождливата прва тренинг сесија, втората се одржа на сува патека и нормално време за Унгарија воовој дел од годината, пеколно жешко. Многу тимови донесоа новитети и можеа да работат со нив.
Вториот тренинг беше далеку помирен од првиот, немаше некои поголеми инциденти и прекини. Механичарите на Ред Бул го поправија болидот на Серџо Перез, кој беше значително уништен, Ферари го поправи болидот на Карлос Саинц Јр., кој имаше мала штета, па двајцата имаа можност да извозат добра километража.
Ред Бул премиерно го претстави својот нов концепт на страничните отвори за ладење на ПЕ, со кој најавуваа добивка до две десетинки од секундата по круг. Денеска не беше можно да се потврди дали дизајнот е ефективен, па останува да видиме како ќе работи за време на квалификациската сесија.
Мерцедес АМГ ги штедеше црвените гуми, што помага да се објасни зошто Луис Хамилтон и Џорџ Расел немаа подобар пласман од шеснаесеттата и дваесеттата позиција соодветно.
Даниел Рикиардо комплетираше 29 круга во својот прв вистински контакт со болидот на АлфаТаури, а неговиот најбрз круг беше за четири десетинки побавен од оној на Јуки Цунода, кој го заврши денот како четврти најбрз возач и во еден момент ја водеше сесијата.
ФЕРАРИ И МЕКЛАРЕН ВО БОРБА ЗА ПРВОТО МЕСТО
7/21/2023 04:48:00 PM
0
Share to other apps