Раководството на Мерцедес АМГ и Луис Хамилтон во неколку наврати изјавија дека сакаат да ја продолжат соработката и да го продолжат договорот кој истекува на крајот на 2023 година.
Британецот го одреди крајниот рок за потпишување договор со тимот.
"Пред крајот на сезоната веќе ќе имаме нов договор."
"Продолжувам да верувам во тимот 100%, иако ќе ни треба повеќе време пред да бидеме на позициите на кои сакаме да бидеме. Нема да биде лесно, но верувам дека ќе успееме."
"Треба да продолжиме да работиме и да се трудиме да се подобруваме, тоа е она што го правиме."
"Тимот подготвува нови елементи за претстојните трки. Наскоро ќе се појават, но и без нив продолжувам да давам максимум."
"Неодамна имав состанок со тимот на кој разговаравме за болидот за следната сезона."
БОЛИД ПО МОЈА МЕРА, ПОТОА НОВ ДОГОВОР
7/19/2023 11:05:00 AM
0
Share to other apps