На патеката Хунгароринг, која викендов ќе биде домаќин на Големата Награда на Унгарија, Пирели ќе ги донесе најмеките смеши, C3 како бели, C4 како жолти и C5 како црвени гуми.
Kвалификациите ќе се одржат по нов формат со алтернативна алокација на пневматици (ATA - Alternative Tyre Allocation). По Хунгароринг, правилата на АТА ќе бидат повторно испробани на Италијанското Гран При, кое ќе се одржи за време на првиот викенд од септември.
Во првата квалификациска сесија, Q1, возачите ќе можат да ги користат само белите, во втората, Q2, само жолтите, а во Q3 битката на најбрзите 10 возачи ќе се одвива само на црвените пневматици.
Ова ќе го намали бројот на сетови што производителот на пневматици ги носи за секој тркачки викенд, па наместо вообичаените тринаесет, секој возач ќе добие по единаесет од нив.
Тоа би требало да претставува чекор кон поголема еколошка чистота и намалување на трошоците.
Севкупно, во сабота и недела секој возач ќе добие по седум сетови на гуми за суво време. Најмалку по еден комплет од белите или жолтите гуми мора да се зачуваат за трката.
Што се однесува до преостанатите четири сетови, по еден сет ќе треба да се врати по првиот и вториот тренинг, а два сета по саботниот трет тренинг.
Бројот на сетови на зелените интермедија и сините гуми за дожд на трката во Унгарија ќе остане непроменет, четири, односно три.
Марио Изола, Пирели мотоспорт: "Унгарското ГП стана класичен викенд од летната сезона во Формула 1 и како таков температурите на воздухот и асфалтот, кои обично се многу високи, се главните карактеристики."
"Ова ги става на тест возачите, болидите и гумите, а кривулестата патеката не дозволува никому да здивне ни за момент. Има прилично долг стартен правец, кој ја дава единствената вистинска можност за претекнување при сопирање во првиот десен свиок."
"Потоа има уште 13 свиоци, седум десни и шест леви, на патека што е втора по Монте Карло во однос на најмалата просечна брзина, до степен што болидите користат слични поставки за потисната сила како во Монако."
"Со толку многу бавни свиоци, тркацијата е еден од клучните фактори за добри перформанси, а најголемиот ризик е прегревање на гумите. И покрај тоа што е постојана патека, Хунгароринг не се користи многу често, а условите на асфалтот значително се подобруваат за време на викендот."
"Обично, оваа трка е за стратегија и деградација на гумите. Оваа година номиниравме три помеки смеши, C3, C4 и C5, во споредба со 2022 година, додека новата распределба на гуми за квалификациите (позната како "ATA", или "Алтернативна распределба на пневматици") ќе се испроба за прв пат."
"Секој возач ќе има обврска да ги користи само белите во Q1, жолтите во Q2 и црвените гуми во Q3, ако условите на патеката останат суви. Двете овие промени, барем на хартија, треба да доведат до поширок опсег на опции, особено во однос на стратегијата."
"ATA, исто така, заштедува два комплети на гуми за сува патека, во споредба со традиционалниот формат, користејќи 11 сетови наместо 13. АТА ќе се испроба и на Италијанското ГП во Монца. После тоа, ФИА, Ф1 и тимовите ќе одлучат дали ќе го усвојат или не за следната сезона."
НА ХУНГАРОРИНГ ЌЕ ДЕБИТИРА НОВ ФОРМАТ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ
7/17/2023 09:08:00 PM
0
Share to other apps