Луис Хамилтон го симна Макс Ферстапен од првата позиција на гридот за само три илјадити делови од секундата, а Ландо Норис е трет со заостанување од само 0.085.
Британецот не беше најбрзиот возач во ниту еден од трите сектори на Хунгароринг, но сепак ја освои Пол позицијата, негова деветта на патеката Хунгароринг.
Мекларен продолжи со добрата форма, бидејќи Оскар Пјастри финишираше веднаш зад Норис и утре ќе му се придружи на вториот стартен ред на гридот. Серџо Перез стигна до Q3 за прв пат по Големата Награда на Мајами.
Негативните изненадувања во пласманот беа Карлос Саинц Јр., елиминиран во Q2 за само две илјадити делови од секундата, и Џорџ Расел, кој стана жртва на сообраќајот во Q1 при загревањето за неговиот последен брз круг.
Најголемата особеност на квалификациите во Унгарија беше дебито на нова регулатива за алокација на пневматици, АТА, која налагаше да се користи само една смеша во секој сегмент од квалификациите.
Така, наместо сами да ги бираат смешите по волја, возачите беа принудени да ги употребуваат белите во Q1, жолтите во Q2 и црвените во Q3. Овој формат првично требаше да се тестира за време на Големата Награда на Емилија Ромања, но тој настан беше откажан поради поплави во регионот.
Оваа нова распределба на гуми целосно влијаеше на програмата за работа на трите тренинг сесии, бидејќи тимовите се обидуваа да зачуваат нови сетови од сите смеши за денешните квалификации.
Многу тимови стигнаа до Q1 дури и без да ги испробаат белите гуми.
Прелиминарната пол позиција во последниот сегмент ја имаше Макс Ферстапен, но во вториот брз круг имаше погрешна стратегија, по што не можеше да се подобри.
Двократниот шампион избра да биде конзервативен во првиот сектор за да напаѓа во преостанатите два, но тоа не помина најдобро и неговото време беше две стотинки побавно од претходното.
Ова го искористи Луис Хамилтон, кој во последните секунди од квалификациите ја зграби пол позицијата. Британецот ја имаше спротивната филозофија, по што го започна последниот сектор со 124 илјадитинки предност во однос на времето на Макс.
И иако му снемаше гуми, тие сè уште издржаа до самиот крај за да го има најбрзото време со 3 илјадитинки разлика.
Вториот стартен ред ќе биде обоен во папаја-портокалова боја на Мекларен, со Ландо Норис во истата десетинка од времето за пол позицијата и Оскар Пјастри на четвртото место.
Изненадување е пласманот на возачите на Алфа Ромео, со Џоу Гуанју кој го имаше петтото најбрзо време, пред Чарлс Леклер, и Валтери Ботас со седма позиција на гридот, пред Фернандо Алонсо.
Серџо Перез мораше да се задоволи со деветтата старна позиција, само пред Нико Хулкенберг и неговиот Хас, кои го заокружија пласманот на најбрзите возачи.
ЛУИС ХАМИЛТОН СО ПОЛ ЗА ПОТТИК НА САМОДОВЕРБАТА
7/22/2023 03:41:00 PM
0
Share to other apps