Мекларен објави дека Ф1 болидите ќе имаат нов, специјален "дрес" на трката за Големата Награда на Велика Британија.
Тимот ја продолжува прославата на својата 60-годишнина, искажувајќи почит кон минатото, и во овој случај ќе се врати на хромираната, сребрена боја, од времето кога нивни добавувач на мотори беше Мерцедес.
Историски гледано, постоеја многу "дресови", диктирани од моменталните спонзори. Мекларен, покрај оригиналната своја папаја-портокалова боја, ќе остане запаметен и по сребрената хромирана боја која ги красеше нивните болиди пред нешто повеќе од една деценија.
Така, по повод Британското Гран При, кое ќе се одржи викендов, тимот од Вокинг ќе ја врати во Формула 1 таа блескава декорација, а според она што го открија на социјалните мрежи, станува збор за иницијатива што ја имаат преземени заедно со Google Chrome, еден од моменталните спонзори на тимот.
Мекларен, особено во последниве години, често го менува обојувањето на своите болиди за посебни прилики. Без да одиме предалеку, на изминатите трки за Фолемите Награди на Монако и Шпанија тие беа обоени во чест на "Тројната круна", победи во Инди 500, Монте Карло и Ле Ман 24.
Хром (Chrome) обојувањето се фокусира на шемата на бои што тимот ја користеше од 2006 до 2014 година, кога Луис Хамилтон го освои шампионатот во 2008 година, а Гугл го лансираше прелистувачот Хром (Chrome).
Ландо Норис подготвува специјално обојување на кацигата и патиките, а двајцата возачи ќе носат и специјални тркачки комбинезони.
БОЛИДИТЕ НА МЕКЛАРЕН ВО ХРОМ ВАРИЈАТНА
7/03/2023 11:15:00 PM
0
Share to other apps