Формула 1 го претстави календарот за 2024 сезоната, одобрен од Светскиот совет за моторни спортови на ФИА. Календарот вклучува 24 трки, сезоната ќе започне во Бахреин на 2 март, а ќе заврши во Абу Даби на 8 декември.
Во сабота ќе се одржат првите две трки од сезоната во Бахреин и Саудиска Арабија. Ова е за да се избегне преклопување со Рамазан. Во сабота ќе се вози трка во Лас Вегас.
Следната сезона за прв пат од 2019 година ќе се вози трката за Големата Награда на Кина. За да се намали бројот на летови низ светот, повеќе тркачки викенди се групирани на регионална основа во календарот.
Така, Големата Награда на Јапонија е одложена за април и ќе се вози помеѓу трките во Мелбурн и Шангај. Големата Награда на Азербејџан добива септемвриски термин.
Традиционалната августовска пауза е задржана во календарот и за следната сезона. Наесен ќе има пауза од речиси еден месец помеѓу трките во Сингапур и Остин, а тоа го зголеми бојот на двојни и тројни трки.
Стефано Доменикали, претседател и извршен директор на Формула 1: "Воодушевен сум што можам да го претставам календарот за 2024 сезоната, кој ќе им даде 24 трки на нашите фанови ширум светот. Интересот за Формула 1 постојано расте, па добиваме се повеќе барања за трки."
"Мислам дека овој календар го постигнува вистинскиот баланс помеѓу традиционалните трки и возбудливите нови локации. Сакам да им се заблагодарам на сите промотори и партнери за нивната поддршка и напори во составувањето на календарот."
Мохамед Бен Сулејем, Претседател на ФИА: "Објавената верзија на Ф1 календарот за 2024 година, одобрена од Светскиот совет за моторни спортови на ФИА, ќе ни овозможи да направиме важен чекор кон нашата цел. Сакаме да ја направиме Формула 1 поеколошка и поудобна за вработените кои се движат од трка на трка."
"Стефано Доменикали и неговиот тим направија одлична работа за внесување на патеки во календарот на нови територии за Формула 1, како и зачувување на историското наследство на овој спорт. Секоја трка може да се одржи само со тесна соработка на ФИА, ФОМ, промоторите."
ФОРМУЛА 1 И ФИА ГО ПРЕТСТАВИЈА КАЛЕНДАРОТ ЗА 2024 ГОДИНА
7/05/2023 06:24:00 PM
0
Share to other apps