Чарлс Леклер го забележа најбрзото време на пократкиот саботен тренинг, отколку што многумина би сакале поради доаѓањето на дождот.
Возењето на сув асфалт траеше нешто помалку од половина час, а Моначанецот беше најбрз. Тој комплетираше многу кругови, обидувајќи се да надомести за вчерашниот пех.
Втор беше Алекс Албон, трет Фернандо Алонсо, кои ги поставија најбрзите времиња непосредно пред да започне дождот на Силверстоун.
Квалификациите се закажани за 16:00 часот по Македонско време.
Третиот тренинг започна на сув асфалт. На Албон му требаше малку повеќе време за да се најде на патеката, бидејќи во Вилијамс мораа да поправат помал електричен проблем на неговиот болид и изгубија вредни минути од сесијата.
На патеката, во првите минути, во акција ги гледавме сите три смеши донесени за оваа трка од Пирели. Мерцедес АМГ и Ферари избраа директно да возат на црвените гуми, додека најчест избор од останатите возачи беа жолтите гуми. Белите ги користеа само Ландо Норис и Валтери Ботас, но не за долго.
Макс Ферстапен сесијата ја започна со жолтите гуми и го забележа најбрзото време, една десетинка пред Ферарито со црвени. Во тимот на Ред Бул мирно ја поминаа сесијата и беа една од ретките тимови што немаа квалификациски брзи кругови во првиот половина час, непосредно пред да почне да врне.
Чарлс Леклер го забележа најбрзото време во седмиот круг на црвените гуми и беше еден од најактивните на патеката, со цел да се надомести што е можно повеќе за изгубеното вчера.
Неговото најбрзо време беше половина секунда подобро од тоа на Луис Хамилтон, што јасно покажува дека Мерцедес АМГ, очекувано, направи голем напредок од вчера до денес во однос на стабилноста на болидот.
Непосредно пред да започне дождот, помеѓу Леклер и Хамилтон, се протнаа тројца возачи, кои излегоа на патеката со нов сет на црвените гуми. Албон беше втор, со заостанување нешто помалку од две десетинки, четири десетинки заостана Фернандо Алонсо со третото најбрзо време.
Пјер Гасли беше четврти, додека најбрзиот Мерцедес АМГ беше петти, веднаш пред другото Ферари на Саинц Јр. Логан Сарџент беше на седмото место со што Вилијамс има Топ 10 пласман на сите тренинг сесии досега, па да видиме дали ќе успеат да се пласираат во најбрзите 10 возачи на денешните квалификации.
Макс Ферстапен беше најбрз со жолтите гуми, а тоа време му донесе осмо место на невообичаената табела, благодарени на дождот. Топ 10 поредокот го комплетираа Џорџ Расел и Јуки Цунода.
Кога дојде дождот, повеќето возачи кои излегоа на патеката избраа да ги возат интермедија гумите, на почетокот Леклер остана на црвените, а подоцна на патеката сом истите гуми се обиде и Ландо Норис, но идејата не функционираше баш најдобро.
Сесијата заврши со прашањето дали за неколку часа повторно ќе врне дожд или ќе гледаме квалификации на сува патека. Стартот е во 16:00 MK.
ЧАРЛС ЛЕКЛЕР НАЈБРЗ НА САБОТНИОТ ТРЕНИНГ
7/08/2023 01:47:00 PM
0
Share to other apps