Само неколку места во календарот го отелотворуваат духот на Формула 1, а едно од нив секако е патеката Силверстоун. Британската патека е местото каде што се започна во 1950-тата година со одржување на првата трка во историјата на модерната ера на Формула 1 Шампионатите.
Патеката сега со главното обележје во форма на авионско крило на стартно-целниот правец, не е ни малку слична на трускавиот аеродром на кој се одвиваше инаугуративната трка, но сепак останува чувството дека сте на посебно место.
Таа останува домаќин на Големата Награда на Британија до 1954 година, кога го дели настанот со Ајнтри од 1955-1962 година, а од 1963-1986 со Брендс Хеч. Од 1987 година па наваму Силверстоун е единственото место за одржување на овој настан.
Силверстоун е брзa, флуидна пaтека која e комбинација од брзи свиоци на почетокот и голем број на бавни свиоци кон крајот на кругот. Maggots, Becketts and Chapel се издвојуваат како едни од најсложените комбинациии на свиоци во шампионатот.
Силверстоун е широка патека со многу место за излетување околу повеќето свиоци, така што ризикот за излегување на безбедносното возило е минимален. Згора на тоа, маршалите покрај патеката се рангирани меѓу најдобрите во светот, па повеќето инциденти се расчистуваат брзо и ефикасно.
Постојат многу брзи свиоци кои овозможуваат одлични можности за претекнување. Возачите можат да пренесат многу брзина во нив, но, исто така, и да се движат по различни линии при нивното поминување и при излезот, што во суштина е она што доведува до претекнување.
Макс Ферстапен одлично си ја врши работата, доминира самоуверено и е речиси беспрекорен. Ред Бул има одличен болид, Њуи уште еднаш докажа дека е најдобар во менувањето на прописите. Не е се завршено, но додека ривалите се стремат да ги стигнат, тимот има големи шанси да ги освои двете шампионски титули.
Патеката Силверстоун е слична на Каталуња, речиси сите тимови, освен Ферари, подготвија надградби на своите болиди. Квалификациите се интересни, но трките станаа релативно досадни. Засега, никој не може да парира на Ред Бул во тркачко темпо, па наместо потенцијална борба за победа, гледаме блиска битка за сите останати места.
Често се вели дека барем во еден од деновите на викендот во Силверстоун дефинитивно мора да врне, што се оствари и оваа година.
Петокот беше сув, саботниот тренинг и квалификациите беа влажни, а денес треба да биде суво.
Возачите за загревачкиот круг ќе тргнат во 15 часот по локално време, кога ќе имаме делумно облачно време, а воздухот ќе се загрее до 23 степени со слаб југозападен ветер.
Веројатноста за дожд за време на трката е мала, 23%.
Трката за Големата Награда на Британија, која се состои од 52 круга, од стратегиска гледна точка на Пирели ќе биде со две застанувања за промена на пневматиците, со неколку различни опции во игра.
Црвените гуми може да бидат преферирани за старт на трката, а теоретски, најбрзата стратегија ќе биде следен стинт на жолтите гуми и завршен стинт повторно на црвените гуми.
За оние кои немаат втор сет на црвени гуми на располагање, стратегијата би можела да биде жолти-бели-црвени, што исто така е лесно остварливо и може да се претвори во стратегија со едно застанување доколку е потребно.
Можно е варијанта со едно застанува во бокс, но менаџирањето со гумите ќе биде потешко остварливо. Таа би била жолти, па бели гуми.
Како и секогаш, стратегијата зависи и од тоа кои гуми им се преостанати на возачите, и какви ќе бидат временските услови.
Трката се очекува да помине на сув асфалт, но постои минимален ризик за врнежи од дожд. Колку се пониски температурите, толку повеќе се фаворизираат помеките смеши.
Марио Изола, Пирели: "Саботата беше напорен, возбудлив и интересен ден, како што често се случува кога условите на патеката постојано се менуваат. На последниот тренинг, возачите главно правеа кругови со мало оптоварување на гориво, а неколкумина кои се обидоа да соберат податоци за однесувањето на гумите на подолга дистанца, немаа многу време да го сторат тоа поради дождот."
"Но, ова им овозможи да научат повеќе за интермедиа гумите и да го пресметаат времето на премин кон пневматиците за суво време (112%). На напорна патека како Силверстоун и од коментарите што ги добивме од тимовите и возачите, се чини дека сè е во склад со очекувањата."
"Условите на патеката брзо се подобруваа во текот на квалификациите бидејќи асфалтот постепено се сушеше, а поредокот постојано се менуваше до самиот крај."
"Сите ги користеа црвените гуми, кои се покажаа во добро светло, иако температурите на воздухот и патеката беа значително пониски од вчерашните, имајќи предвид дека возачите избраа да чекаат неколку минути на пит-линијата за зеленото светло."
"Трка треба да се вози на сува патека, иако времето, овде, традиционално е малку непредвиливо."
"Во однос на стратегијата, црвените гуми се повеќе и повеќе се претставуваа како остварлив избор и затоа стратегијата со две застанувања во бокс е веројатно најбрзата опција. Тоа значи дека можеме да очекуваме да видиме различни избори меѓу тимовите што ќе доведат до поголема возбуда и неизвесност."
По квалификациите за Големата награда на Британија, од болидот на Валтери Ботас беа извадени само 90 мл. гориво, иако за контролен примерок е потребен литар.
Откако го разгледаа овој инцидент, стјуардите утврдија прекршување на техничките прописи и го дисквалификуваа финецот од квалификациите.
Стјуардите го разгледаа барањето на Алфа Ромео за учество на Валтери Ботас на трката и му дозволија да стартува од дваесеттата позиција.
ДЕН ЗА ТРКА, НАЈАВА НА БРИТАНСКОТО ГРАН ПРИ
7/09/2023 11:09:00 AM
0
Share to other apps