Мајкл Андрети чувствува дека неговиот тим направил се што е во негова моќ за да влезе во Формула 1. Тој разбира дека другите тимови не се согласуваат (ќе им се брцне со џебот), но верува дека Формула 1 и ФИА ќе се водат од интересот на спортот кога ќе ја донесат својата конечна одлука.
Андрети ја поднесе својата кандидатура до ФИА за да стане 11-ти тим на гридот со почетокот на новите регулативи кои ќе стапат на сила во 2026 година. Федерацијата ја разгледува нашата пријава и нејзината одлука е прашање на денови.
Ако добијат зелено светло, Андрети ќе се придружи на Ф1 падокот во комбинација со Џенерал Моторс, кој ќе се вклучи преку Кадилак. Еден од нивните возачи ќе биде Колтон Херта, кој моментално се натпреварува во неговиот Индикар тим.
Мајкл смета дека нивната пријава ги исполнува сите барања кои се потребни за влез во Формула 1 и е уверен дека менаџерите на спортот ќе бидат поразбирливи од останатите тимови, кои се поскептични во поглед на нивното вклучување и велат дека издавање на нова лиценца може да ја намали вредноста на постојните.
"Мислам дека се ќе се знае до крајот на месецот. Тимовите се обидуваат да ги заштитат своите интереси и не можете да ги обвините за тоа, но не се тие кои ја донесуваат одлуката, тоа е во рацете на ФИА и Либерти Медија."
"Ние, во Формула 1 ќе го донесеме еден од најголемите производители во светот. Џенерал моторс е целосно вклучен. Не е како што велат некои, дека сакаат само реклама. Тие се суштински дел од тимот."
"Се чувствувам добро, ги исполнуваме сите критериуми. Мислам дека го имаме она што е потребно за да влеземе таму и да бидеме конкурентни."
"Колтон е во нашите планови. Тој е наше момче и ако стигнеме до Формула 1 ќе сакаме да го имаме таму. Тој го испроба болидот на Мекларен и се снајде многу добро на тестот. Беше важно, бидејќи секогаш се прашувате како ќе се прилагоди и многу добро се адаптираше. Би сакал тој да биде првиот конкурентен Американец по долго време."
Мајкл Андрети е јасен дека неговите опции за влез во Формула 1 се единствено преку добивање на нова лиценца од ФИА. Купувањето на Ф1 тим би било опција, но за тоа некој би морал да сака да продаде. Досега, никој не сака да продава!
"Се обидовме. Никој не е заинтересиран. Никој не продава. Отидовме во сите тимови. Тие постојано велат купи тим, но никој не сака да продаде. Tие не се ни заинтересирани да разговараат. Таа опција не функционираше."
Пред две сезони Андрети беше во преговори со Заубер со цел да го купи нивниот Ф1 тим за 2023 година, но разговорите не вродија со плод.
АНДРЕТИ ОЧЕКУВА БРЗА ОДЛУКА ЗА ВЛЕЗ ВО ФОРМУЛА 1
7/09/2023 03:14:00 PM
0
Share to other apps