Макс Ферстапен доминираше во трката за 2023 Големата Награда на Австрија, забележувајќи ја неговата 42-ра Ф1 Победа, седма за оваа година, петта на Ред Бул Ринг.
Ферари проба се што е можно со различна стратегија, успеаа да го обезбедат второто место за Чарлс Леклер, но при тоа уништувајќи ја трката на Карлос Саинц Јр..
Тоа го искористи Серџо Перез кој од П15 се искачи на подиумот, откако имаше убава борба со Карлос Саинц Јр., кој финишираше на четвртото место.
Следуваа, Ландо Норис со 1/3 подобрениот болид на Мекларен, додека Фернандо Алонсо и Астон Мартин мораа да се задоволат со шестото место и се повеќе спласнува еуфоријата од почетокот кога "EL PLAN" и "La33" беа во игра.
Луис Хамилтон премногу беше изнервиран од добиената казна од 5 секунди поради прекршување на лимитите на патеката, како и многу други возачи, меѓу кои Ландо Норис, Карлос Саинц Јр., по што седмото место беше највисок дострел за Мерцедес АМГ. Веднаш зад него заврши неговиот тимски колега, Џорџ Расел, на осмото место.
Пјер Гасли со болидот на Аплин и Ленс Строл во вториот Астон Мартин го заокружија Топ 10 пласманот, на оваа донекаде интересна трка, секако не за Победата, но за остантите места имаше особено блиска борба на патеката и во однос на тимските стратегии.
Ферстапен имаше непобедливо темпо од самиот почеток, но виртуелното безбедносно возило им дозволи на Ферари да се обидат да направат нешто повеќе со "undercut" опцијата, но на крајот тоа не беше доволно поради разликата во темпото меѓу болидите.
Со оваа победа, 42-ра, Макс Ферстапен ги надмина 41-те на Аиртон Сена и очигледно, уште еднаш ја зголемува својата огромна предност во генералниот пласман на возачи.
Следниот викенд Ф1 карванот се сели на Силверстоун за Големата Награда на Велика Британија, домашен терен за Мерцедес АМГ, Астон Мартин и останати.
Осум возачи добија дополнителни временски казни по завршување на трката и поднесениот приговор од страна на Астон Мартин, за прекршувања на лимитот на патеката.
Топ 10 резултати се променија, но победничкиот подиум останува како што беше!
Најголем губитник е Карлос Саинц Јр. кој од П4 падна на П6
Ландо Норис од П5 напредува на П4, Фернандо Алонсо од П6 на П5
Луис Хамилтон паѓа од П7 на П8, замена на местата со својот тимски колега
Пјер Гасли од П9 паѓа на П10, додека Ленс Строл од П10 доаѓа на П9
Сите казни на Големата Награда на Австрија
- Ник де Врис доби +5 сек. за туркање на ривал надвор од патеката.
- Логан Сарџент, Кевин Магнусен, Естебан Окон(х2), Ник де Врис, Јуки Цунода, донија по +5 сек. за лимити на патеката.
- Јуки Цунода, Карлос Саинц Јр., Луис Хамилтон, Пјер Гасли, Алекс Албон, Естебан Окон(х2), Ник де Врис,добија по +10 секунди за лимити на патеката.
ЛЕТЕЧКИОТ МАКС ДОМИНИРА, ПЕТТА ПОСЛЕДОВАТЕЛНА ПОБЕДА
7/02/2023 02:24:00 PM
0
Share to other apps